Борба против корупцијата во Украина

Саманта Пауер

Критичен чекор кон зајакнување на демократијата во Украина и на други места е искоренување на корупцијата.

„Малигните актери, како Русија и Кина, се здружуваат со моќни олигарси за да се борат против реформаторите, да го извртуваат законот и да ги задушат демократиите одвнатре“, предупреди администраторката на УСАИД Саманта Пауер, во неодамнешниот говор на конференцијата „Демократија во акција: нулта корупција“. Неверојатните придобивки што беа постигнати во изминатите неколку години во Украина се под закана. Вредните јавни инвестиции, како и подлабоката интеграција во европските пазари и системи се поткопуваат.

Претседателот Бајден неодамна издаде претседателски меморандум за идентификување на корупцијата како основен приоритет за националната безбедност. Меморандумот признава дека корупцијата ги осакатува општествата, краде од џебовите на даночните обврзници, ја нарушува довербата на јавноста во управните институции и ги намалува децениските инвестиции во светот за подобрување на животот.

„Поради тоа, антикорупцијата е основната цел на работата на УСАИД во Украина“, рече администраторката Пауер. Тековните програми работат на дигитализирање на јавните услуги, поттикнување на институционалните реформи, ставање на владините ресурси во рацете на локалните службеници кои ќе имаат најдобро чувство како правилно да ги управуваат или да ги поддржуваат реформаторите на граѓанското општество и медиумите - организации како Акциониот центар за борба против корупција.

Во иднина, УСАИД ќе воспостави специјална работна група за борба против корупцијата за подигнување, зајакнување и интегрирање на работата против корупцијата низ целата агенција, потпирајќи се на знаењето на врвните внатрешни и надворешни експерти за борба против корупцијата во Украина и пошироко.

Работната група за борба против корупција ќе ги разгледа тековните програми на УСАИД за да идентификува како странската помош може најдобро да се искористи за ограничување и спречување на мито. Работната група исто така ќе ја води интеграцијата на антикорупциските пристапи низ секторското програмирање на УСАИД и ќе воспостави механизам за брз одговор, со цел, брзо да ги искористи клучните прозорци на можност за демократски и антикорупциски реформи.

Новиот буџет на претседателот Бајден одвојува 50 милиони американски долари за овој нов напор за брз одговор. САД со нетрпение очекуваат проширување на овие заложби и ги охрабрува другите нации да направат свои на претстојниот самит за демократија, со кој ќе претседава претседателот Бајден, кој ќе побара заложби што ќе ја унапредат демократијата, ќе се борат против корупцијата и ќе ги заштитат човековите права.

„Сакам да знаат сите на овој форум“, рече администраторката Пауер, „САД стојат покрај вас додека храбро работите во изградба на поискрен, поправеден и демократски свет.“