Accessibility links

Breaking News

Kинески злонамерни сајбер актери ќе се соочат со последици


САД и земјите ширум светот ја обвинија Народна Република Кина, или НР Кина, за спроведување и учество во злонамерни активности во сајбер-просторот, вклучувајќи напади на рансомвер, како и кражба на интелектуална сопственост и информации од директна корист на кинеските компании.

САД се длабоко загрижени дека НР Кина поттикнува разузнавачки активности што вклучуваат договори со хакери за спроведување несанкционирани сајбер операции ширум светот, вклучително и за личен профит. Моделот на НР Кина за неодговорно однесување во сајбер-просторот не е во согласност со нивната наводна цел, да бидат одговорен лидер во светот.

Како пример за кражба на интелектуална сопственост и информации, федерална голема порота во Сан Диего, Калифорнија, обвини четворица државјани и жители на Народна Република Кина во мај, заради спроведување кампања за пробивање на компјутерските системи на десетици компании, универзитети и владини ентитети во САД и во странство помеѓу 2011-та и 2018-та година.

Обвинението, кое беше објавено од Одделот за правда на САД на 16-ти јули, наведува дека нападите во голема мерка биле фокусирани на собирање информации од кои корист би имале кинеските компании и комерцијалните сектори.Од особен интерес биле информациите што ќе овозможат заобиколување на долгите процеси за истражувања и развој кои бараат многу ресурси.

Динг Ксијаојанг, Ченг Кингмин и Жу Јунмин, беа службеници во Одделот за државна безбедност Хаинан, провинциска рака на кинеското Министерство за државна безбедност, која ги координира, олеснува и управува со компјутерските хакери и лингвисти во компаниите пред МСС да вршат хакирање во корист на Кина и нејзините инструменталности во државна сопственост и спонзорирани од државата. Ву Шуронг беше компјутерски хакер кој создаде злонамерен софтвер и пробиваше компјутерски системи управувани од странски влади, компании и универзитети и ги надгледуваше другите хакери на Хаинан Ксиандун.

Хакерската кампања беше насочена кон жртви во САД, Австрија, Камбоџа, Канада, Германија, Индонезија, Малезија, Норвешка, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Швајцарија и Велика Британија.

Овие малициозни сајбер-напади се случија и покрај договорот меѓу САД и НР Кина од 2015-та година за спречување сајбер кражби.

„Овие кривични обвиненија уште еднаш нагласуваат дека Кина продолжува да користи сајбер-напади за да краде што другите земји го прават, со флагрантно непочитување на нејзините билатерални и мултилатерални обврски“, рече заменик-јавниот обвинител Лајза О.Монако.

„Како што беше потврдено со обвинението за тројцата службени лица на МСС и еден од нивните договорни хакери“, рече секретарот Блинкен, „САД ќе наметнат последици врз злонамерните сајбер актери на НР Кина за нивното неодговорно однесување во сајбер-просторот“.

XS
SM
MD
LG