Accessibility links

Breaking News

Геноцидот е најголем криминал


(FILE) A Bosnian Muslim effendi walks through the memorial cemetery in Bosnia.
(FILE) A Bosnian Muslim effendi walks through the memorial cemetery in Bosnia.

За време на босанската војна, која траеше од 1992 до 1995 година, босанските Срби, една од големите етнички групи што ја сочинуваа поранешна Југославија, сакаа да воспостават етнички хомогена татковина, Република Српска.

Во центарот на нивната избрана територија стоеше Сребреница, историски дом на мнозинско босанско муслиманско население.

Три години, националистите на босанските Срби го прогонуваа и тероризираа муслиманското бошњачко население во Сребреница. Конечно, кон крајот на војната, единиците на војската на босанските Срби на Република Српска, под команда на генералот Ратко Младиќ, насилно влегоа во опколената енклава Сребреница, „безбедна област“ под заштита на Обединетите нации. Српските трупи го собраа населението, вклучително и стотици бегалци од околните села. Тие ги разделија жените и најмалите деца, а потоа систематски ги убиваа сите мажи на возраст над петнаесет години. Помеѓу 11 и 31 јули 1995 година масакрираа 7 до 8 илјади невооружени мажи и момчиња.

Конвенцијата за геноцид на Обединетите нации од 1948 година го дефинира геноцидот како „акти извршени со намера да се уништи, целосно или делумно, национална, етничка, расна или религиозна група“. И тоа се случи во Сребреница, според извештајот издаден во 2004 година од Комисијата за истражување на настаните во и околу Сребреница. Тогаш, владата на Република Српска, сега автономен регион во Босна и Херцеговина, издаде официјално извинување. Но, 14 години подоцна, Националното собрание на Република Српска го отфрли извештајот, тврдејќи дека многу од жртвите се уште се живи. До денес, негирањето на геноцидот во Сребреница и глорификацијата на оние кои ги извршиле овие дела се вообичаени во регионот.

Говорејќи на 28. одбележување на масакрот во Сребреница, американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи рече дека американскиот народ стои во солидарност со жртвите, преживеаните и семејствата кои тагуваат за своите најблиски.

„Фактите за геноцидот во Сребреница се утврдени надвор од сенка на сомнеж“, рече амбасадорот Марфи.

„САД ги повикуваат политичките лидери на Босна и Херцеговина да покажат почит кон вистината, кон споменот на жртвите на геноцидот во Сребреница и за иднината на Босна и Херцеговина, која зависи од нивната способност да признаат дека се случил геноцид во Сребреница и да ги преземат неопходните чекори за исправање на овие и многу други погрешни чекори од војната помеѓу 1992-1995 година.“

XS
SM
MD
LG