Accessibility links

Breaking News

Како САД промовираат почитување на човековите права во странство


Заложбата на Америка кон неприкосновени човекови права дома се покажа како светилник за надеж за мажи и жени во странство кои ги бараат личните слободи.  

Во неодамна објавениот извештај на Комисијата за неприкосновени човекови права се нагласува важноста на американските лидери за промовирање на човековите права како водечки принципи на надворешната политика на САД, изјави Питер Берковиц, Директор за планирање на политиката при Стејт департментот.

„Важно е нашите лидери да продолжат гласно да зборуваат за американското убедување кое потекнува од американската Декларација за независност, од американската форма на владеење каде сета легитимна политичка моќ произлегува од согласноста на управуваните. А, првата цел на владата е да ги обезбеди правата на луѓето стекнати со раѓање. Апсолвирањето на тоа е круцијален дел на американската надворешна политика“, изјави Берковиц.
Извештајот на Комисијата исто така најде дека САД може да бидат најефикасни во тој поглед во странство кога ќе ги заштитат тие права дома, рече Берковиц.

И, конечно, човековите права мора да бидат култивирани во општеството, за да станат цврсто вградени во политичката култура, рече директорот Берковиц.

„Заштитата на човековите права, нивното промовирање, тоа не се акции што доаѓаат автоматски. Тие треба да бидат култивирани. Како тие се култивираат, тоа почитување на човековите права? Култивирање во семејствата, во заедниците, во образовниот систем, во политичката култура на јавноста од одреден тип што поттикнува одреден сензибилитет кај граѓаните, што ги учи да ги почитуваат стекнатите права кај сите луѓе“, изјави Берковиц.

За да успее промоцијата на човековите права во странство, потенцираше директорот Берковиц, важно е фокусот да не биде само на Декларацијата за независност, туку и на Универзалната декларација за човекови права, со цел да се најде малото јадро на фундаментални права што може да служи како стандард за политиката насекаде.

XS
SM
MD
LG