Accessibility links

Breaking News

Меѓународни награди за храбри жени во 2022


Стејт департментот неодамна одликуваше 12 жени кои покажаа извонредна храброст, сила и лидерство во подобрувањето на животите на другите и нивните заедници.

Церемонијата на доделувањето на меѓународните награди за храбри жени за 2022-ра од страна на државниот секретар во се одржа виртуелно. Државниот секретар Антони Блинкен го претстави секој добитник на наградата, почнувајќи од Ризвана Хасан, адвокатка која водела успешни кампањи против комерцијалното одгледување ракчиња што ги повредува традиционалните рибари и уништувањето на еколошки виталните мочуришта околу Дака од бескрупулозните корпорации за домување.

Симоне Сибилио ду Насименту од Бразил е истакната обвинителка во Рио де Жанерио која работи на корупција, банди и трговија со дрога.

Еи Тинзар Маунг е активистка за демократија во Бурма. Во 2015 година, таа беше затворена поради организирање на марш долг 400 милји, протестирајќи против забраната за студентски синдикати и предавање на јазиците на етничките малцинства.

Жозефина Клингер Зунига води невладина организација која обединува локални рибари, работници и претприемачи за поддршка на туризмот кој ја штити животната средина, создава работни места, ги овластува Афро-колумбијците и домородните заедници.

Таиф Сами Мохамед е заменик-министерка за финансии на Ирак и генерална директорка на буџетскиот оддел која успешно се бореше против владината и буџетската корупција.

По граѓанските војни во Либерија, во кои насилството врз жените беше широко распространето, Фасија Бојено Харис се посвети на намалување на родовото насилство и зголемување на образованието на девојчињата и политичкото учество на жените.

Најла Мангуш, првата жена на функцијата министер за надворешни работи на Либија, експертка за решавање конфликти, работеше на по обединета, демократска влада.

Во Молдавија, Доина Герман, парламентарка, водеше кампања за Молдавија да ја ратификува Истанбулската конвенција, истакнувајќи го родовато насилство како кршење на човековите права.

Како транс-родова жена, Бумика Шреста водеше кампања за Непал да се додаде не-бинарна опција во документите за државјанство; во 2007 година, Врховниот суд ја направи таа промена.

Во Романија, Кармен Георге се бори за правата на жените и девојчињата Ромки, група која се соочува со расизам и сексизам, вклучувајќи детски, предвремени и принудни бракови.

Рогчанда Паско од Кејптаун, Јужна Африка е лидерка на заедницата кој работи на намалување на организираниот криминал и родовото насилство.

Во декември 2021 година, Фан Дон Транг беше осудена на девет години затвор во Виетнам за нејзиното пишување за демократијата и човековите права. „Го осудуваме нејзиното неправедно затворање и повикуваме на итно ослободување“, рече секретарот Блинкен.

„Овие дванаесет жени се разделени со илјадници милји“, рече секретарот Блинкен, и додаде: „но тие се обединети во нивната посветеност да им служат на своите земји и заедници со извонредна храброст и самопожртвуваност. САД стојат зад нив“.

XS
SM
MD
LG