„Станува збор за сфаќање дека чини повеќе да не се одговори на климатската криза отколку да се одговори. И, без претерување, се работи за преживување.“
Зборувајќи во Лондон, г. Кери рече дека климатската криза е тест на нашето време, а снемува време. Во 2015-та, 196 држави го потпишаа Парискиот Договор со намера да го ограничат целосно зголемување на температурата на Земјата на под два Целзиусови степени и да вложат напори кон 1.5.
Според Договорот, секоја земја се обврза да го направи она што самата го определи, а колективно да го стави светот на вистинскиот пат“, рече г. Кери. Но, дури и ако секој направи како што вети во Париз, температурата на оваа планета сепак ќе се зголеми за 2.5 или 3 степени Целзиусови. „Веќе гледаме драматични последици“.
Живееме во свет каде што посевите повеќе не растат онаму каде што порано растеле; хемијата на океаните се менува повеќе и побрзо од кога било досега - каде милиони луѓе се принудени да ги напуштат татковините кои стануваат се поненаселиви - можеби 20 милиони годишно мигрираат низ целиот свет. Сите знаеме дека политичкото влијание на миграцијата беше пред неколку години, а сепак, замислете што се случува кога местата стануваат ненаселиви и луѓето тропаат на вратата од местата каде што знаат дека луѓето можат да живеат.“
Ова е она што го гледаме сега кога температурата се зголеми за само 1.2 степени. „Да се размислува за удвојување на тоа значи да се биде подготвен за катастрофа“, рече г. Кери. „Се уште можеме да ја избегнеме. Но, ние треба да почнеме да дејствуваме со вистинска итност, обединувајќи ги земјите ширум оваа планета заедно.“
„Светот треба да ги намали емисиите - особено емисиите на стакленичкиот гас СО2 за најмалку 45 проценти до 2030-та година за до средината на векот да биде на веродостоен научен пат до нулта емисии... 45 проценти - не само во некои земји или некои региони, туку во целиот свет ... Тоа оваа деценија ја прави решавачка. И ја прави 2021 година решавачка година.“
„Можеме - и мораме - да го постигнеме ова заедно, особено знаејќи го триумфот или трагедијата на двата алтернативни света што го чекаат нашиот избор“, рече г. Кери. „Тоа е она што секогаш сме го правеле кога сме знаеле дека на светот му било најпотребно. Можеме да се обединиме:“