Accessibility links

Breaking News

Политиката на САД кон Западниот Балкан


САД се посветени да ги поддржат државите од Западниот Балкан на нивниот пат кон европска интеграција и членство во клучните европски и евроатлантски институции.

„Работиме со државите од Западниот Балкан и нашите европски партнери да се подобри управувањето, владеење на правото и реформите за борба против корупцијата, како и промоција на независни медиуми и силно граѓанско општество “, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. Ова ќе ја унапреди долгорочната цел за целосна, слободна и мирна Европа.

САД се посветени да им помагаат на државите од Западниот Балкан да го продлабочат нивното регионално економско партнерство, да ги исполнат нивните климатски цели, да се справат со рускиот енергетски притисок преку разновидност и развој на чиста енергија, и да се борат против корупцијата и организираниот криминал. „ Сакаме, исто така, да му помогнеме на регионот да се развива и напредува, заштитувајќи ги стратешката инфраструктура и индустрии од кинеските малигни практики “, забележа портпаролот Прајс.

Дополнително на цврстите економски врски со регионот, САД го ценат партнерството во делот на одбраната и безбедноста, вклучително и со новите НАТО сојузници, Црна Гора и Северна Македонија.

„Го поздравуваме напредокот на Северна Македонија и Албанија во однос на клучните реформи, и продолжуваме да го поддржуваме отворањето на пристапните преговори на двете држави во јуни “, рече Прајс.

САД се подготвени да ја поддржат работата кон сеопфатен, обврзувачки договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, заснован на заедничко признавање, што ги поставува темелите за трајна соработка и просперитет. „Ние го поддржуваме дијалогот олеснет од ЕУ, и ги охрабруваме страните повторно да се вклучат во овој процес со чувство на итност за решавање и на техничките и на политичките прашања “, рече портпаролот Прајс.

САД работат со меѓународната заедница за поддршка на Босна и Херцеговина во спроведувањето на реформите што ќе ѝ обезбедат просперитет и кандидатски статус за ЕУ, вклучително и изборни реформи. Канцеларијата на високиот претставник, основана пред 25 години согласно Дејтонскиот мировен договор, значително придонесе за мирот и стабилноста таму.

Неодамнешните неосновани шпекулации за промена на границите на Балканот во етнички рамки, ризикуваат поттикнување нестабилност во регионот и враќање на сеќавања за минати тензии, предупреди портпаролот Прајс. „ Стабилна, просперитетна иднина на Западниот Балкан мора да биде базирана на добро управување, владеење на право, мултиетничка демократија, и почитување на човековите права и фундаментални слободи “.

XS
SM
MD
LG