Accessibility links

Breaking News

Русија извезува глад и страдања од Украина


Russia Ukraine War Grain Export
Russia Ukraine War Grain Export

Меѓу 2016 и 2021 година, бројот на луѓе кои се соочуваат со акутна несигурност за недоволно храна се зголеми од 100 на 160 милиони.

Постојат многу причини за оваа несакана промена, вклучително конфликти, климатски промени и пандемијата со Ковид-19, што предизвика прекин на синџирите за снабдување со храна, а за возврат, има голема инфлација.

Но, ситуацијата многу се влоши откако рускиот претседател Владимир Путин започна брутална војна против Украина. Неговите постапки предизвикаа страшно страдање во Украина и имаа „погубно влијание врз глобалната безбедност на храната, бидејќи Украина е една од главните производители на леб во светот“, изјави неодамна државниот секретар Антони Блинкен.

„Руската поморска блокада во Црното Море го спречува транспортот на посевите на Украина до нивните вообичаени дестинации. Има околу 20 милиони тони пченица што е заробена во близина на Одеса и во бродови буквално натоварени со жито, што се заглавени во пристаништето Одеса поради оваа руска блокада. Руските сили зазедоа некои од најпродуктивните обработливи земјишта во Украина. Поставија експлозиви низ нивите. Ја уништија виталната земјоделска инфраструктура“

Зборувајќи на виртуелна тркалезна маса на тема „Прашањата за безбедноста на храната кои произлегуваат од руската инвазија на Украина“, државниот секретар Блинкен рече дека овие активности се намерни.

„Претседателот Путин спречува испорака на храна и агресивно ја користи својата пропагандна машина за да ја одврати или искриви одговорноста бидејќи се надева дека ќе го натера светот да му попушти и да стави крај на санкциите .“

Од наша страна, САД формулираа акционен план кој се фокусира на пет критични линии на нашите напори.

Прво, САД обезбедуваат помош за задоволување на итните потреби - вклучително и повеќе од 2,8 милијарди долари за безбедност на храната и друга хуманитарна помош од почетокот на руската војна против Украина.

Второ, Соединетите Држави работат со други земји за да го ублажат глобалниот недостиг на ѓубрива.

Трето, ги зајакнуваме земјоделските капацитети и отпорноста преку иницијативата „Нахрани ја иднината“.

Четврто, Соединетите Држави ги ублажуваат макроекономските шокови од оваа криза работејќи на зголемување на поддршката преку програмите за финансиска помош ширум светот.

И конечно, Соединетите Американски Држави ќе ги искористат своите дипломатски ресурси за континуирано ангажирање на оваа тема со земјите-партнери, како и со невладините организации и приватниот сектор.

„Не можеме да чекаме претседателот Путин да ја направи вистинската работа“, рече секретарот Блинкен. „Остатокот од светот мора итно и колективно да одговори на вонредната состојба“.

XS
SM
MD
LG