Како одговор на данокот без преседан што го зема коронавирусот, претседателот Доналд Трамп одобри пакет на значителна помош за Италија.
„Во овие тешки времиња“, рече државниот секретар на САД, Мајк Помпео, „САД солидарно работат со партнерите и сојузниците да им обезбедат хуманитарна помош на државите кои имаат потреба од тоа и да ги преземат сите можни мерки за борба против ширењето на коронавирусот“.
Италија, еден од најблиските сојузници на САД, беше во првите редови на борбата против КОВИД-19. Секретарот Помпео ѝ оддаде признание на Италија за „транспарентноста и постојаните херојски напори да го спречи ширењето на вирусот и да им помогне на погодените да се опорават“. Пандемијата беше особено погубна за Италија, а Американците го изразуваат своето најдлабоко сочувство кон оние што ги загубија најблиските.
Како одговор на невидените последици од коронавирусот, претседателот Доналд Трамп одобри пакет значителна помош за Италија.
Владата на САД, преку Американската агенција за меѓународен развој, или УСАИД, и во координација со американските амбасади во Рим и Ватикан, ќе обезбеди поддршка за меѓународни и невладини организации, вклучително и верски групи, при што многу од нив веќе обезбедуваат суштинска помош за италијанските заедници. Овие напори ќе го поддржат закрепнувањето на италијанската економија.
САД исто така обезбедуваат техничка помош за да ѝ помогнат на Италија да одговори на пандемијата на КОВИД-19, градејќи ги постојните партнерства помеѓу Одделот за здравство на САД и здравствениот сектор во Италија.
Покрај тоа, УСАИД и другите американски владини агенции ќе настојуваат да ги поддржат италијанските бизниси кои работат во областа на производството на медицинска опрема и материјали за борба против КОВИД-19. Ова вклучува помош на италијанските фабрики и синџири на снабдување со цел да се прилагодат на потребите на медицинскиот персонал и пациентите.
САД, рече државниот секретар Помпео, „ќе идентификуваат вишок воени резерви и ќе охрабрат донации од американскиот приватен сектор“. Италија е домаќин на околу 30.000 американски воен персонал и нивните семејства.
Овие лица ќе помагаат во различни функции, вклучително и давање телемедицински услуги, олеснување на транспортот и склопувањето на теренски болници и опрема, лекување на пациенти кои не се болни од КОВИД-19 и поддршка во транспортот на материјали, гориво и храна.
„Оваа критична помош не само што ќе му помогне на италијанскиот народ“, рече секретарот Помпео, „туку и ќе ја зајакне глобалната трговија и синџирите на снабдување. Сите сме заедно во ова и само преку транспарентност, соработка и взаемна поддршка ќе можеме да го победиме КОВИД-19 “.