Accessibility links

Breaking News

Г 7 го предупредува Иран


(FILE)) Local residents look at parts of a UAV, what Ukrainian authorities consider to be an Iranian-made drone, after a Russian drone strike in Kyiv, Ukraine.
(FILE)) Local residents look at parts of a UAV, what Ukrainian authorities consider to be an Iranian-made drone, after a Russian drone strike in Kyiv, Ukraine.

САД и нивните сојузници во групата на нации Г7 го предупредија Иран да не испраќа балистички ракети во Русија.

Во соопштението, лидерите на Алијансата, вклучително и САД, Канада, Франција, Јапонија, Италија, Германија и Обединетото Кралство, рекоа дека се „исклучително загрижени што Иран размислува да пренесе балистичка технологија во Русија откако го снабди рускиот режим со беспилотни летала, кои се користат во немилосрдните напади против цивилното население во Украина“.

На брифингот со новинарите, советникот за комуникации за национална безбедност Џон Кирби прочита од изјавата:

„Цитирам: Доколку Иран продолжи со обезбедување балистички ракети или поврзана технологија за Русија, ние сме подготвени да одговориме брзо и на координиран начин, вклучително и со нови и значајни мерки против Иран“.

Советникот Кирби истакна дека не само што иранскиот режим ѝ обезбедил беспилотни летала на Русија, туку обезбедил и материјали што ќе ѝ овозможат на Русија да ги произведува на руска територија. Беспилотните летала се користени за напади врз цивили и инфраструктура во Украина; балистичките ракети би биле значајна ескалација.

„Ова е растечки одбранбен однос што го гледавме многу, многу внимателно. Ние навистина сакавме да поставиме знак овде, за Иран и за Русија дека ќе има брзи последици за нив да го направат тоа“.

Советникот Кирби истакна дека одбранбените односи меѓу Иран и Русија не се само лоши за народот на Украина, „туку и за луѓето на Блискиот Исток, бидејќи Иран се надева дека ќе извлече нешто и од ова. Не станува збор само за продажба на балистички ракети на Русија. (Лидерите на Иран) се надеваат дека ќе добијат руска воена технологија за себе“.

Зборувајќи за обезбедувањето балистички ракети од Иран за Русија, државниот секретар Ентони Блинкен изјави: „Испративме многу јасна порака до Иран да не го прави тоа. ... Загриженоста за таа евентуалност и посветеноста да се реши, доколку е потребно, е многу реална и многу силна“.

XS
SM
MD
LG