Accessibility links

Breaking News

Украина има право на демократија


На 24 август 1991 година, Украина ја прогласи својата независност од Советскиот Сојуз и почна да ја гради сопствената иднина.

Русија, сепак, одби да ја прифати Украина како суверена држава и ја подрива нејзината територија, ги поткопува нејзините институции, ги саботира или деградира нејзините лидери, и се обидува да ја диктира својата надворешна политика за да ги блокира отворените аспирации на Украина за поголема интеграција со Европа и Западот.

Накусо, Русија со години работи на поткопување на Украина да функционира како суверена демократска држава.

Во 2014-та година, народот на Украина го собори претседателот Виктор Јанукович, кој избра да го поништи планираното потпишување Договорот за асоцијација со Европската унија со Украина и наместо тоа се сврте кон Русија. Последователно, Русија изврши инвазија и го окупираше украинскиот полуостров Крим. Потоа, исто така, се обиде да ги заземе украинските области Луганск и Доњецк под плаштот за „сепаратистичко“ востание.

„На ниту едно место во Украина, луѓето не се ослободени од деструктивните активности на Русија“, рече државниот секретар Антони Блинкен.

„Москва се обидува да ги поткопа демократските институции на Украина, се меша во внатрешната политиката и изборите во Украина, го блокираше протокот на енергски ресурси и трговијата за да ги заплаши лидерите на Украина и да изврши притисок врз нејзините граѓани, користи пропаганда и дезинформации за да ја зајакне недоверба и започна кибернетски напади врз клучната инфраструктура на земјата. Кампањата за дестабилизација на Украина беше немилосрдна“.

Со 100.000 руски војници распоредени на границите на Украина и со блискиот сојузник Белорусија, „Русија е подготвена да оди уште подалеку“, рече секретарот Блинкен.

„Русија ги оправдува своите постапки со тврдењето дека Украина на некој начин претставува закана за нејзината безбедност. Ова е превртување на реалноста. Чии трупи опкружуваат, кого? Која земја презеде туѓа територија со помош на сила? Која војска е многу пати поголема од другата? Која земја има нуклеарно оружје? Украина не е агресор овде; Украина само се обидува да преживее.“

„Принципите на владеење согласно меѓународниот мир и безбедност воспоставени по двете Светски војни и Студената војна, го отфрлаат правото на една земја да ги менува границите на друга со сила; да му ги диктира на друг политиките што ги спроведува, или, пак, изборот што ги прави, вклучително и со кого стапува во сојуз; или да употреби влијание со кое би ја потчинила волјата на суверените соседи“, рече државниот секретар Блинкен.

„Не се работи само за можна инвазија и војна. Се работи за тоа дали Украина има право да постои како суверена нација. Се работи за тоа дали Украина има право да биде демократија“.

XS
SM
MD
LG