Одбележувањето служи за подигнување на свеста за глобалниот глад и неухранетост, и како може да се стави крај на овие проблеми.
Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации, или ФАО, речиси еден од три луѓе во светот (2,37 милијарди) немале пристап до соодветна храна во 2020-та година, што е зголемување за скоро 320 милиони луѓе за само една година.
САД се тука да помогнат, рече претседателот Џо Бајден на 16-ти септември, во својот говор пред Генералното Собрание на ОН.
„Во време кога скоро еден од тројца луѓе на глобално ниво немаат пристап до соодветна храна само минатата година, САД се обврзуваат да ги обединат нашите партнери да се справат со неухранетоста и да се осигураме дека можеме одржливо да го храниме светот во следните децении.
За таа цел САД се обврзуваат да вложат 10 милијарди долари за да се стави крај на гладта и да се инвестираат во прехранбени системи дома и во странство.“
Оваа повеќегодишна инвестиција ќе промовира трансформација на прехранбените системи преку иновации; подобрена инфраструктура за пристап до храна и инклузивни пазарни можности; програми со приоритети за потребите на жените и децата; подобрување на исхраната; намалување на загубата и отпадот од храна; ублажување и адаптација на климатските промени во земјата и во целиот свет.
„Посветени сме на промовирање на политики базирани на наука за решавање на климатските промени, одржливи системи за храна и глобална безбедност на храната и исхраната“, рече државниот секретар Ентони Блинкен
„Од витално значење е да инвестираме во намалување на гладот; промовирање на таканаречените ‘климатски паметни’ земјоделски практики и давање моќ на жените кои сочинуваат повеќе од 40 проценти од светската работна сила во земјоделството, но се соочуваат со значителна дискриминација кога станува збор за сопственоста на земјиштето и добитокот, пристапот до кредити, фер плати и учеството во донесувањето одлуки. Не можеме да го ослободиме целосниот потенцијал на светските системи за храна ако на толку многу луѓе што работат им се ускратат основните човекови права.“
Соединетите Држави, рече претседателот Бајден, „ќе продолжат да бидат најголемиот придонесувач во светот за хуманитарна помош, носејќи храна, вода, засолниште, итна здравствена заштита и друга витална, спасувачка помош за милиони луѓе кои имаат потреба.