Accessibility links

Breaking News

Две клучни цели поврзани со конфликтот Израел-Хамас


(FILE) Displaced Palestinians camp in Rafah, in the southern Gaza Strip.
(FILE) Displaced Palestinians camp in Rafah, in the southern Gaza Strip.

Претседателот Џо Бајден ја нарекува војната меѓу Израел и Хамас „прашање што е централно на Блискиот Исток и ... пошироко“.

САД продолжуваат неуморно да работат на постигнување договор што не само што ќе овозможи ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Газа, туку ќе овозможи пауза што ќе обезбеди испорака на хуманитарна помош за да се олесни страдањето на Палестинците на теренот.

„Бараме привремена пауза како дел од договор за заложници“, рече советникот за национална безбедност Џејк Саливан, „и потоа да го изградиме тоа во нешто потрајно“.

„Она што би сакале да го видиме ... е дека Хамас на крајот е поразен, дека мирот и безбедноста доаѓаат во Газа и Израел, и дека потоа работиме на долгорочните прашања поврзани со решение за две држави со загарантирана безбедност на Израел“.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер ја нагласи поддршката на САД за „правото на Израел да се погрижи нападите од 7 октомври да не се повторат“:

„Знаеме дека Хамас сака да продолжи да го напаѓа Израел. Хамас беше многу јасен за тоа кои се нивните цели и тие не се променети од 7 октомври. Тие сакаат да продолжат со терористички напади. Тие се посветени на целосно уништување на Израел и сакаме да го видиме Израел да може да одговори на тоа“.

Портпаролот Милер ја нагласи „очигледната тензија во обидот да се осигура дека Израел може да ја постигне првата цел додека прави се` што е во негова моќ за да се осигура дека цивилната штета е минимизирана... Тоа се двете работи во кои веруваме“, рече тој.

Во забелешките по неговата неодамнешна средба со кралот Абдула од Јордан, претседателот Бајден изрази жалење за смртта на над 27.000 Палестинци кои беа убиени во овој конфликт. „Секој невин живот изгубен во Газа е трагедија“, рече тој.

Тоа е причината, рече портпаролот Милер, САД да се ангажираат со Израел нудејќи „идеи и експертиза и начини за минимизирање на цивилната штета“.

„Видовме дека цивилните жртви се спуштаат од нивото на кое беа. Тие не се ни блиску до таму каде што треба да бидат. Сè уште се премногу високи. Сè уште има премногу Палестинци кои продолжуваат да умираат“.

Портпаролот Милер рече: „Тоа е причината зошто продолжуваме да се ангажираме да се обидеме да постигнеме хуманитарна пауза и зошто продолжуваме да работиме за да се обидеме да ставиме траен крај на овој конфликт“.

XS
SM
MD
LG