Секретарот Блинкен се фокусираше на три области каде сојузништвото и соработката со меѓународната заедница е особено важна.
Најпрво, треба да се држи Талебан одговорен да го одржи ветувањето да им дозволи на странски државјани, лица со визи и Авганистанци да патуваат надвор од земјата, ако сакаат. Да се спротивстави противењето од Талебан дека лица со стручност ако заминат од земјата ќе предизвика „одлив на мозоци“.
„Најдобар начин да останат луѓето во Авганистан е да им овозможи да излезат од Авганистан, како и да им се почитуваат основните права“. САД ќе продолжат да работат кон заштита на човековите права и основните слободи за сите Авганистанци“.
Второ, секретарот Блинкен подвлече дека меѓународната заедница треба да го држи Талебан одговорен во неговата заложба да спречи терористички групи да го користат Авганистан како база за операции, кои се закана за било која земја.
„Секако не можеме само да се потпираме на Талебан да се придржува на заложбите“, рече секретарот Блинкен. „Сите ние, треба да останеме будни и да ги следиме заканите, особено, ако има обид за внатрешен заговор, и веднаш да го спречиме. Како што јасно стави до знаење претседателот Бајден, САД ќе го задржат робусниот анти-терористички капацитет во регионот за да се неутрализира било каква закана, и нема да се двоумиме да ги искористиме тие капацитети, ако бидеме принудени“.
Трето, државниот секретар Блинкен ја подвлече потребата од меѓународната заедница да осигура дека хуманитарната помош од животна важност и натаму останува достапна за авганистанскиот народ, како и санкциите од САД и ОН против терористите.
Сите три од овие цели бараат ангажираност со Талебан, но има важна разлика меѓу ангажираноста што ја спроведуваме преку евакуацијата и третманот кон Талебан како што се однесуваме со секоја друга држава, рече секретарот Блинкен.
Легитимитетот на Талебан за којшто се залагаат, рече тој, мора да се заработи со текот на времето преку одржлива заложба кон клучните очекувања од меѓународната заедница. Тоа вклучува почитување на стекнатите придобивки за кои изборивме изминатите 20 години – како проширување на правото на жените, децата, новинарите, лицата со попреченост, членови на ЛГДБТКјуИ+ заедницата и членови од малцински групи.
„За напредок на нашите заеднички интереси“, истакна Блинкен, „нашиот ангажман со Талебан треба да биде кохерентен, јасен, внимателен, и повторно, колку што е можно – обединет!
Ова е коментар што ги одразува гледиштата на владата на САД.