Проширување на правните можности за мигрантите

Администрацијата на Бајден-Харис е решена да ги прошири правните патишта за миграција во САД и да ги одврати луѓето да заминуваат на опасното патешетвие за нелегално минување на границата.

Државниот секретар Антони Блинкен и секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас неодамна наведоа низа мерки за поддршка на оваа цел. Една од нив е формирање на Регионални центри за обработка на одредени локации. Првите вакви Центри ќе бидат отворени во Колумбија и Гватемала. Секретарот Блинкен ги пофали двете земји како „одлични партнери:“

„Овие Центри ќе бидат управувани од партнери на меѓународни организации и ќе го подобрат пристапот на квалификуваните поединци до забрзана обработка на преселување бегалци, обединување на семејството и процес за обезбедување работа во Соединетите Држави. Тие, исто така, ќе бидат точка за упатување и за законски патишта, како и хуманитарна заштита и заштита на бегалците во други земји, како Канада и Шпанија“.

Секретарот за домашна безбедност Мајоркас истакна дека друг начин да се прошират правните патишта е да се насочат процесите на условно ослободување за обединување на семејството за Кубанците и Хаиќаните, така што поединците од овие земји со одобрени петиции засновани на семејството, можат побрзо да се обединат со своите семејства во САД.

„Трето, го насочив мојот тим да развие процеси за повторно обединување на семејството што ќе го прошири овој добро признат модел на одредени поединци од Ел Салвадор, Гватемала, Хондурас и Колумбија“.

Четврто, преку успешната мобилна апликација Customs and Border Protection One, луѓето ќе можат да закажуваат повеќе состаноци на влезните пристаништа.

„Процесите за условно ослободување во Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела, како и соодветното враќање во Мексико за оние без правна основа да останат, ќе продолжат“, рече секретарот за домашна безбедност Мајоркас.

„Истовремено, наметнуваме последици за поединци кои не ги користат нашите законски патишта“.

Тие последици вклучуваат петгодишна забрана за влез во САД и можност за кривично гонење за секој последователен обид за илегално преминување на границата. „Да бидам јасен“, рече секретарот за домашна безбедност Мајоркас, „Нашата граница не е отворена“.

Пристапот на администрацијата на Бајден-Харис е „фокусиран на правење миграции побезбедни, уредни и похумани и на унапредување на интересите на американскиот народ“, изјави државниот секретар Блинкен.

Тој, исто така, ја истакна важноста од соработката со регионалните партнери. Постои „мисија во срцето на миграцискиот предизвик“, рече секретарот Блинкен. „Како можеме сите заедно да соработуваме, какви што сме, за да обезбедиме основа за подобра, посигурна и понадежна иднина за сите граѓани?“.