Финска и Шведска аплицираат за членство во НАТО

На 18. мај, Владите на Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО алијансата.

Апликациите на државите се директен резултат на неиспровозираната и целосна инвазија на Украина од страна на режимот на Путин, откако овие две, претходно воено неутрални држави, заклучија дека безбедноста што ќе ја добијат значително го надминува ризикот од провокација на руското лидерство.

Претседателот Џо Бајден ја поздрави одлуката на двете држави. „Финска и Шведска ја прават НАТО посилна“, рече Бајден. „И силна и обединета НАТО е основа на американската безбедност“.

Иако Финска беше колонизирана од империјалистичка Русија и потоа беше во две војни, како независна држава против Советскиот сојуз во 20. век - една од 1939-40 и другата од 1941-1944 - во периодот по Втората светска војна Хелсинки одржа блиски економски врски со Москва и остана воено неутрален. Шведска има историја на воена неутралност два века. Иако и Шведска и Финска ја продлабочија соработката со НАТО изминативе години, политичките лидери на ниту една од нив, како ниту мнозинството од нивните граѓани покажаа интерес да станат членки на НАТО. Сега, тоа се смени.

Една од ужасните иронии што произлегоа од бруталната војна што Кремљ ја избра против Украина, е дека Владимир Путин го предизвикува тоа од што велеше дека се плаши и сакаше да го спречи: експанзија на НАТО. Вклучувањето на Финска и Шведска ќе ја зголеми безбедноста на трите балтички држави кои моментално го формираат североисточното крило на НАТО, и ќе помогне да се неутрализира неодамнешната агресивна експанзија на Руската Федерација од Колскиот Полуостров во Арктичкиот регион.

Во време на Путиновата агресија, НАТО алијансата - одбранбена и мировна од почеток - останува силна, обединета, и инспирација за државите кои се посветени да го штитат нивниот соверенитет и нивните граѓани.

„Две нови НАТО членки на северот ќе ја зголеми безбедноста на нашата Алијанса и ќе ја продлабочи безбедносната соработка на сите страни“, рече претседателот Бајден. „ Денес не е прашање дека НАТО е релевантна, дека е ефективна и дека е потребна повеќе од кога и да било порано“.