Финска се приклучи на НАТО

(FILE) The Foreign Ministry in Finland illuminates with colors to honor the accession to NATO.

На 4 април 2023 година, на 74-годишнината од формирањето на Организацијата на Северноатлантскиот договор, Финска стана 31 сојузник на НАТО.

Минатиот мај, во пресрет на руската неиспровоцирана и брутална инвазија на Украина, Финска, заедно со нејзиниот сосед Шведска, ја напуштија својата повеќедецениска политика на воена неутралност и аплицираа за влез во НАТО.

Во Брисел, државниот секретар Ентони Блинкен ѝ посака добредојде на Финска во НАТО, бидејќи ги прифати документите со кои се официјализираше членството на Финска. Денот го нарече историски.

„Во искушение сум да кажам дека ова е можеби единствената работа за која можеме да му се заблагодариме на г-дин Путин бидејќи тој уште еднаш тука забрза нешто што тврди дека сака да го спречи со руската агресија, предизвикувајќи многу земји да веруваат дека треба да направат повеќе за да да внимаваат на сопствената одбрана и да се уверат дека можат да ја спречат евентуалната руска агресија понатаму“, рече секретарот Блинкен.

Претседателот Џо Бајден, исто така, топло ја поздрави Финска како 31сојузник на НАТО, истакнувајќи дека пристапувањето на Финска е меѓу најбрзите во модерната историја.

„Кога Путин ја започна својата брутална агресивна војна против народот на Украина, тој мислеше дека може да ги подели Европа и НАТО“, рече претседателот Бајден во изјавата. „Тој погреши. Денес сме пообединети од кога било претходно“.

Претседателот Бајден истакна дека и Финска и Шведска „се силни демократии со многу способни војски, кои ги споделуваат нашите вредности и визија за светот“. Тој ги повика Турција и Унгарија да го завршат процесот на ратификација на Шведска без одлагање.

НАТО помага во одржувањето на мирот и стабилноста во Европа повеќе од 70 години. Како што изјави претседателот Бајден, „заедно – зајакнати од нашиот најнов сојузник Финска – ќе продолжиме да ја зачуваме трансатлантската безбедност, да ја браниме секоја педа од територијата на НАТО и да одговориме на сите предизвици со кои се соочуваме“.

Ова беше став што ги одразува погледите на Владата на САД