Помош за најпогодените жители на Газа

(FILE) An aircraft airdrops humanitarian aid over the northern Gaza Strip, as seen from central Gaza, April 30, 2024.

Хуманитарната ситуација во Газа останува тешка. САД продолжуваат неуморно да работат на зголемување на помошта со сите расположливи средства за справување со влијанието од оваа криза.

Целото население на Газа - околу 2,2 милиони луѓе - се соочува со акутна несигурност во обезбедување на храна, што значи дека им е потребна помош, а заканата од глад се наѕира, рече директорот за справување со кризи во УСАИД, Ден Дикхаус, на неодамнешниот брифинг.

„Повеќе од половина од населението во северна Газа се соочува со катастрофална и несигурност на храната, а речиси 30 отсто од децата се сериозно неухранети. На југ, во јужниот дел на Газа, речиси четвртина од населението се соочува со овој вид на несигурност за храна.

Тешката ситуација во Газа дополнително се усложнува со навлегувањето на израелските сили во Рафа, што принуди приближно 640.000 луѓе да побегнат од 6-ти мај, рече Дикхаус. Хуманитарните организации се соочуваат со значителни предизвици да достават помош во Рафа со оглед на затворањето на критичните гранични премини, како и пристапот до магацините и дистрибуцијата на помош поради влошената ситуација.

Во тек се меѓународни напори за зголемување на протокот на хуманитарна помош за жителите на Газа преку сите достапни маршрути, вклучително и по копнен, воздушен и сега по морски пат, рече вице-адмиралот Бред Купер на брифингот.

„До денес, САД заедно со повеќе од десетина партнери извршија повеќе од 38 хуманитарни мисии за достава преку воздух. Овие мисии се фокусираа на доставување на хуманитарна помош од воздух, претежно во северниот дел на Газа. Со нашите партнери, кумулативно обезбедивмеповеќе од 3 милиони оброци во Газа, од кои повеќе од еден милион беа од САД“.

УСАИД координира со Одделот за одбрана за воспоставување поморски коридор за да ги зголеми тековните напори за да се зголеми испораката на хуманитарна помош по копно, објасни Дикхаус.

„Овој поморски коридор вклучува изградба на привремено пристаниште во Средоземното Море во близина на брегот на Газа за да им помогне на хуманитарните организации да добијат и да испорачуваат помош на независен, неутрален, и непристрасен начин“.

„Продолжуваме да работиме за да обезбедиме неопходната помош да стаса до цивилите на кои им е потребна преку сите патишта“, рече директорот Дикхаус, „и ќе продолжиме да правиме се што можеме, за да спасиме животи и да го олесниме страдањето на најпогодените“.