Поддршката на Иран за терористички посредници е закана за регионалните мир и безбедност

(FILE) In this May 21, 2015 photo, Palestinian Hamas security forces display their military skills during a police academy graduation ceremony in Gaza City.

Израел одговори на неодамнешниот трагичен терористички напад на Хезболах врз деца и тинејџери на Голанската висорамнина со таргетиран напад во Бејрут. Највисокиот лидер на Хезболах Фуад Шукр, кој беше одговорен за нападот врз децата, беше убиен.

На брифингот на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Блискиот Исток, заменик-претставникот на САД за специјални политички прашања Роберт Вуд започна со јасна изјава:

„Израел има право да се брани од нападите на Хезболах и другите терористи. Токму тоа го направи на 30 јули, кога независно одговори на нападот на Хезболах врз Мајдал Шамс на 28 јули, во кој загинаа 12 деца. Нема сомнеж - апсолутно никаков - дека Хезболах е одговорен за овој напад, кој користеше иранско оружје, а беше лансиран од дел од Либан контролиран од Хезболах“.

„Хезболах постојано фрла ракети врз Израел од 8 октомври, со поддршка од Иран“, рече амбасадорот Вуд. И, истакна тој, „Хезболах не е единствената група поддржана од Иран во регионот која ја искористи ситуацијата во Газа за да ги поткопа мирот и безбедноста“. Иран, исто така, ги вооружува и поддржува Хутите, Хамас и терористичките групи во Сирија и Ирак.

Амбасадорот Вуд подвлече дека „поширока војна не е неизбежна, иако опортунистичките напади од Иран и неговата мрежа на терористички посредници и партнери низ регионот постојано нè доведоа поблиску до регионален конфликт“,

„САД ќе продолжат да го предводат патот во дипломатските напори за ставање крај на војната во Газа и намалување на регионалните тензии. Договорот за прекин на огнот е најсигурниот начин да се олеснат страдањата на палестинскиот народ и да се отклучи можноста за поширока стабилност“.

„Ние веруваме дека се` уште има време и простор за дипломатско решение“, рече амбасадорот Вуд.

„Ги охрабруваме членовите на овој [Безбедносен] Совет со директно влијание врз Иран да го зголемат притисокот врз него за да престане со ескалацијата на неговиот прокси конфликт против Израел и другите актери. Навистина, секој член на овој Совет треба да го повика Иран да престане со вооружувањето, советувањето и финансирањето на терористичките групи и да ги заузда акциите на полномошниците и партнерите кои ги загрозуваат регионалниот мир и безбедност“.

„Во овој опасен момент“, изјави амбасадорот Вуд, „императив е да работиме заедно за да ги намалиме тензиите во регионот“.