Ослободувањето на Багхуз, значи дека самопрогласениот калифат, повеќе не постои. Тоа беше значаен чекор напред, но не и сигнал дека ИСИС е целосно уништен“, истакна Џон Годфри, в.д. Координатор за контра-тероризам и специјален пратеник на Глобалната коалиција за поразување на ИСИС.
На крајот од 2019-та, ИСИС „внатрешно се реорганизираше со цел да се овозможи носење одлуки во филијалите низ светот“, изјави специјалниот пратеник Годфри.
„Овој тренд во моментов никаде не е поалармантен отколку во Африка“.
Терористичките закани, и од ИСИС и од групи поврзани со Ал-Каида не само што продолжија да се зголемуваат изминатите години, туку е зголемено и темпото. Тоа е една од причините зошто САД соработуваат со партнерите ширум Африка на широко поле за контратерористичка активност.
„Нашиот пристап не е само адресирање на безбедносната страна, туку и опшрественоекономските двигатели на заканата, сузбивање на пораката на ИСИС, обезбедување поголеми економски можности и зацврстување на отпорноста на заедниците да ја отфрлат привлечноста на насилниот екстремизам“, изјави Мајкл Гонзалес, заменик-помошник секретар за африкански прашања.
Изминатите четири години, американските напори беа фокусирани на Сахел, изјави в.д. координаторот Годфри. На исток во Сомалија, има напредок во сузбивање на плановите на ал-Шабаб за напади во Кенија. Во Западен Сахел, САД во сојузништво со Франција и другите сојузници се справуваат со двигателите на нестабилноста.
Неодамна САД презедоа чекори спрема две филијали на ИСИС во Суб-Сахарска Африка. ИСИС-ДРЦ, што оперира претежно во Северен Киву и провинцијата Итури во Демократска Република Конго, и ИСИС- Мозамбик, која е претежно активна во северната провинција на Мозамбик Кабо Делгадо, беа означени за странски терористички организации. Двете терористички организации и нивните лидери исто така беа ставени во категоријата Специјални глобални терористи. „Нивното назначување е едно од најважните алатки да се попречат финансиските и другите терористички мрежи кои извезуваат екстремистичко насилство и извршуваат напади“, изјави вршителот на должноста координатор, Годфри.
„Ако сме определени за траен, глобален пораз на ИСИС, како што сме, „тогаш ќе мора да ги конфронтираме во Африка“.