Верска слобода - фундаментално човеково право

Montenegro, Podgorica, Metropolitan Amfilohije of Serbian Orthodox Church in Montenegro

Верската слобода, како секое друго човеково право, е универзална, рече државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

„Сите луѓе, секаде, имаат право на тоа, независно каде живеат, во што веруваат, или во што не веруваат. Верската слобода не може целосно да се сфати освен ако се почитуваат другите човекови права, и кога владите го прекршуваат правото на граѓаните да веруваат и да се молат слободно, ги доведува во ризик сите други права“, вели Блинкен.

За многу други низ светот, верската слобода се` уште не е на дофат, според неодамнешниот извештај на Стејт департментот.

Иранскиот режим продолжува да прави притисок, да вознемирува и да апси членови на малцински религиозни групи.

Во Бурма, водачите на воениот државен удар се меѓу оние што се одговорни за етничко чистење и други злосторства против муслиманската заедница Рохинга.

Во Русија, властите продолжуваат да вознемируваат, приведуваат и да запленуваат имот на Јеховините сведоци, како и на членови на муслимански малцински групи.

Саудиска Арабија останува единствена држава во светот без христијанска црква, иако има повеќе од милион христијани кои живеат во Саудиска Арабија.

И Народна Република Кина во голема мера го криминализираше верското изразување, и продолжува да извршува злосторства против човештвото и геноцид врз муслиманските Ујгури. Секретарот Блинкен забележа дека некои држави, вклучувајќи ги Судан, Узбекистан и Туркменистан, преземаат чекори кон зголемување на поддршката за верска слобода.

„Ќе го одржуваме американското долго лидерство во однос на ова прашање. Ќе продолжиме да работиме одблизу со граѓанските организации, вклучувајќи активисти за човекови права и религиозни заедници, да се бориме против сите форми на религиозно мотивирани омраза и дискриминација низ светот“, рече Блинкен.