САД воведоа визни ограничувања за кубански официјални лица

По големите про-демократски протести во Куба на 11-ти јули, активистите планираа втори масовни протести на Островот на 15-ти ноември.

Но, кубанскиот режим ги забрани тие протести и демонстрантите беа спречени од полицијата и безбедносни агенти да ги напуштат домовите.

Околу 87 луѓе беа уапсени, а 11 и натаму се држат во притвор. Главниот лидер на протестите Јуниор Гарсија Агилера замина во егзил во Шпанија.

Во време кога кубанскиот режим, цели врз мирољубивите демонстранти, Стејт департментот воведе визни ограничувања за деветмина кубански официјални лица поради нивната улога во замолчување на кубанскиот народ преку репресии и незаконски приведувања. Стејт департментот ги имплементираше овие мерки согласно претседателската прокламација 5377, која суспендира не-имигрантиски влез во САД на офицери и вработени во кубанската влада. Меѓу овие девет официјални лица се виши членови во Министерствово за внатрешни работи и Револуционерните вооружени сили.

Во деновите пред најавените протести на 15-ти ноември, кубанскиот режим ги заплашувал активистите со лица кои се поддржани од властите, приведувале новинари и опозициони членови од нивните домови, биле укинати новинарските акредитации со цел сузбивање на слободата на медиумите, а по судовите биле гонети кубански државјани кои се обиде да протестираат на мирољубив начин. Тие виши кубански лица им го оневозможиле универзалното право за слобода на изразување и мирни демонстрации, објави државниот секретар Антони Блинкен.

„Овие визни ограничувања ја промовираат нашата цел за поддршка на кубанскиот народ и промовирање на одговорноста не само за лидерите од режимот, туку и за официјални лица кои спроведуваат мерки што им штетат на демократијата и на човековите права“, изјави државниот секретар Антони Блинкен. “САД продолжуваат да ги користат сите дипломатски и економски алатки за издејствување на ослободување на политички затвореници и поддршка на повикот на кубанскиот народ за поголеми слободи и одговорност“, истакна Блинкен.

Ова е коментар што ги одразува гледиштата на американската Влада.