САД ветија нова хуманитарна помош за Авганистан

Американската амбасадорка во Обединетите нации Линда-Томас Гринфилд

Хуманитарната ситуација за авганистанскиот народ е ужасна: 600 илјади луѓе, од кои половина деца, се раселени поради војна и страв од насилство; гладот е широко распространет, со повеќе од еден милион деца под петгодишна возраст во опасност од глад; колабиран здравствен систем.

Во обраќањето на првиот состанок на високо ниво за хуманитарната ситуација во Авганистан по преземањето од страна на Талибанците, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече: „На народот во Авганистан му треба спас. По децении војна, страдање и несигурност, тие се соочуваат со можеби најопасниот час. Сега е време меѓународната заедница да застане со нив“.

Американската амбасадорка во Обединетите нации Линда-Томас Гринфилд на конференцијата јасно рече дека „САД се посветени на обезбедување хуманитарна помош и поддршка на авганистанскиот народ“.

Таа најави речиси 64 милиони американски долари за нова хуманитарна помош, која ќе се додели преку Обединетите нации и невладините организации, со што вкупната американска помош за Авганистанците оваа фискална година ќе биде 330 милиони долари. „Ова финансирање“, рече таа, „ќе помогне да се обезбеди помош за храна што спасува животи. Ќе ги задоволи критичните потреби за здравје и исхрана. Ќе влијае на заштитата на жените, децата и луѓето кои припаѓаат на етничките, малцинските и другите верски групи. Тоа ќе им помогне на повеќе деца - вклучувајќи ги и девојчињата - да се вратат на училиште. Ќе обезбеди чиста, вода за пиење“.

Амбасадорката Томас-Гринфилд инсистираше, сепак, дека само ова финансирање не е доволно за поддршка на Авганистанците и напорите на партнерите на ОН и невладините организации. На Авганистанците им се потребни и соседните земји да ги отворат границите; искусни работници за помош; усни и писмени обврски на Талибанците за оперативните права на хуманитарните агенции, како и третманот и правата на малцинските групи, жените и девојчињата да се почитуваат.

„Зборовите не се доволни“, рече амбасадорот Томас-Гринфилд. „Мора да видиме акција“. Таа жали за извештаите дека Талибанците ги попречуваат и се мешаат во напорите за испорака на хуманитарна помош, вклучително и за забраната на женски персонал да спасува животи и одмазда против примателите и давателите на помош. „Тоа е застрашувачко и неприфатливо“, рече таа.

„Ова е момент за меѓународната заедница да се обедини“, изјави амбасадорката Томас-Гринфилд.
„Ајде денес да се обврземе дека ќе го исполниме овој итен апел за финансиска поддршка. Посветете се да застанете покрај хуманитарните работници додека ја вршат својата најважна работа и да ги засилите хуманитарните акции во Авганистан за да можеме да ги спасиме животите на Авганистанците кои имаат потреба“.