Илузијата на Путин мора да се скрши

Владимир Путин

За време на еден неодамнешен разговор на Универзитетот Рајс, државниот секретар Антони Блинкен истакна дека светот е на пресвртна точка.

Ова е крај на една ера, ерата по Студената војна. Имаме интензивна конкуренција во тек за да се обликува она што доаѓа. Еден од конкурентите е Русија, Русија на Путин. Акциите што тој ги презеде... се демонстрација дека тој го отфрла поредокот како што беше и одржувањето на основните принципи кои го дефинираат тој поредок – територијален суверенитет и независност“.

Секретарот Блинкен рече дека соочени со руската инвазија на Украина, луѓето сфаќаат дека ако му се дозволи на Путин да дејствува неказнето, „тогаш пораката до потенцијалните агресори насекаде ќе биде: „можеме да се извлечеме и со тоа“. И тоа е покана за свет на конфликти“.

Путин, рече секретарот Блинкен, работи под илузија:

„Неговата цел е да издржи, и тој верува дека може. Тој може да ги погази Украинците. Тој може да ги надмине сите што ја поддржуваат Украина. Но, тој веќе направи длабока погрешна пресметка и тоа се одигра на начин кој беше историски штетен за Русија и нејзините интереси, бидејќи мислам дека тој уште од самиот почеток веруваше дека никој нема да се спротивстави на агресијата“.

Не само што украинскиот народ и САД докажуваат дека Путин не е во право, туку и десетици земји ширум светот кои и помагаат на Украина со хуманитарна, економска и воена помош.

„Често во овие ситуации, Американците се малку фрустрирани затоа што изгледа како да носиме толку голем товар. И, тоа е точно. Но, во однос на поделбата на товарот во овој конкретен пример, остатокот од светот прави извонредна работа. Всушност, помошта што ја обезбедуваат другите земји ја надминува помошта што ја обезбедија Соединетите Држави“.

„Основниот проблем е верувањето на Путин дека може да издржи“, рече секретарот Блинкен. Но, од страната на оние што му се спротивставија на Путин, г-дин Блинкен изјави: „Останува огромна решеност да се види ова - не само да се осигураме дека Украинците ќе излезат на исправната страна, туку и дека ... сите останати од нас, исто така. Затоа што ако го оставиме ова, тогаш отвораме свет на болка за многу години што доаѓаат“.