Ревитализирање на стратешките сојузништва на САД

Secretary of State Antony Blinken New York, 22 Sept. 2023.

САД продолжуваат да веруваат дека дури и како најмоќна нација на светот, прифаќањето на заеднички глобални правила, прифаќањето одредени ограничувања и поддржувањето на успехот на другите, го прави американскиот народ попросперитетен, мирољубив и побезбеден.

Заложбата на Америка за „зачувување и јакнење на овој поредок никогаш не била поголема“, изјави државниот секретар Антони Блинкен во говорот на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Но, нашите конкуренти, вклучувајќи ги Русија и Народна Република Кина, имаат фундаментално поинаква визија, истакна секретарот Блинкен:

„Тие гледаат кон свет дефиниран со единствен императив: Зачувување и збогатување на режимот. Свет, во кој авторитарците се слободни да ги контролираат, принудуваат и кршат нивните луѓе, нивните соседи и кој било друг што стои на патот на оваа сеопфатна цел“.

Најдобар начин да се спротивставиме на оваа визија е „ревитализација на нашето најголемо стратешко богатство, сојузништвата и партнерствата на Америка“, рече секретарот Блинкен.

„Работиме со цел и итност да ги продлабочиме, прошириме и усогласиме нашите пријателства на нови начини за да можеме да ги исполниме трите дефинирачки тестови на денешната ера: жестока и трајна стратешка конкуренција, глобални предизвици кои претставуваат егзистенцијална закана по животите и егзистенцијата насекаде, и итната потреба за ребалансирање на нашата технолошка и економска иднина, при што нашата меѓузависност е извор на сила, а не ранливост“.

Во однос на ревитализацијата на стратешките сојузништва, САД работеа на зајакнување на капацитетите и релевантноста на НАТО и на сопствената посветеност на Америка кон тоа. „Денес, Алијансата е поголема, посилна, пообединета, од кога било“, изјави секретарот Блинкен. Финска се приклучи, и Шведска ќе го стори тоа наскоро, и вратите на НАТО остануваат отворени.

Втората американска стратегија е да ги споиме „заедно нашите сојузништва и партнерства на индивидуални и взаемно зајакнувачки начини низ предизвиците и низ континентите“, рече секретарот Блинкен.

Украина, е таков пример:

„Повеќе од 50 земји соработуваат за да ја поддржат одбраната на Украина и да изградат украинска војска доволно силна за да ги одврати и да ги спречи идните напади. Поврзавме голем број земји во наметнувањето невиден сет на санкции, извозни контроли и други економски предизвици за Русија“.

И конечно, САД градат нови коалиции за решавање на прашања како што се глобалната инфраструктура, несигурноста на храната и вештачката интелигенција.

Работејќи преку стратешки сојузништва, САД се посветени на поставување на темелите за послободна, поотворена и просперитетна ера за американскиот народ и за луѓето ширум светот.