Русија ги менува оправдувањата и целите во Украина

Ukrainian servicemen ride atop tanks near a front line in Mykolaiv region, as Russia's attack on Ukraine continues, Ukraine August 10, 2022.

Цената за неиспровоцираната војна на Русија против Украина продолжува да расте со илјадници убиени или ранети цивили; повеќе милиони раселени лица; историски градови претворени во урнатини; вртоглаво зголемен недостиг на нешта и високи цени на храната ширум светот.

„Сето ова е“, рече државниот секретар Антони Блинкен, „бидејќи претседателот Путин беше решен да освои друга земја“.

Путин сепак не успеа во својата цел. Украина ќе остане суверена и независна, рече секретарот Блинкен, поради храброста и силата на војската на Украина и нејзиниот народ, како и одлучноста на Соединетите Држави и нивните сојузници да застанат со нив и да помогнат да се обезбеди она што е неопходно за Украинците да ја одбранат својата слобода.

Она што го гледаме за време на војната, рече секретарот Блинкен, е серија руски оправдувања и постојано менување на целите.

Последната е најавата на Кремљ дека сака да повеќе украинска територија, дури и надвор од таканаречените „народни републики“ во Донбас.

Кога војната првпат започна, Русија тврдеше дека мора да ја „денацизира“ Украина; после рече, поради наводна закана од НАТО.

„Потоа тие рекоа дека војната е да ги заштити етничките Руси кои живеат во Донбас од геноцид, пред немилосрдно да го таргетираат најголемиот руски град во Украина, Харков.

Она за што се работи и отсекогаш било е убедувањето на претседателот Путин дека Украина не е независна држава и дека и припаѓа на Русија“.

Секретарот Блинкен истакна дека Русија сега ја следи својата скрипта од 2014-та година: инсталирање на нелегитимни полномошници во областите што ги контролира; принудување на жителите да аплицираат за руско државјанство; саботирање на надворешниот пристап.

„Еве што очекуваме да видиме следно“, рече тој: „Лидерите инсталирани од Русија ќе одржат лажни референдуми за да создадат фикција дека луѓето од тие места сакаат да се приклучат на Русија. Мораме и ќе дејствуваме брзо за да и ставиме до знаење на Русија дека овие тактики нема да профункционираат“.

„Анексијата со сила на територијата на суверена и независна земја е грубо кршење на Повелбата на Обединетите нации“, изјави секретарот Блинкен.

„Членовите на меѓународната заедница кои се обврзаа да ја поддржат повелбата и меѓународното право имаат одговорност да ги осудат овие планови на руската влада и јасно да кажат дека никогаш нема да ги признаат овие незаконски акти. Во спротивно, никој не може да тврди дека е изненаден кога Русија ќе ги следи нејзините планови - или ако други земји го следат нејзиниот пример во иднина.

Ова е коментар што ги одразува ставовите на Владата на Соединетите Американски Држави.