Србија ќе го прогласи Хезболах за терористичка организација

Како што државниот секретар на САД Мајк Помпео многу пати појасни, фикција е да се верува дека постои разлика меѓу „воено“ и „политичко“ крило на терористичката група Хезболах. 

„Ова е унитарен ентитет. Ова е терористичка организација“, рече тој. „Функционира под Исламската Република Иран. Во целина мора да биде дезигнирана како терористички ентитет и ние мора да обезбедиме сите инволвирани и поврзани со Хезболах да потпаднат под санкции“.

Во изминативе неколку години, многу држави во меѓународната заедница, вклучувајќи ги и Велика Британија, Германија, Литванија, Косово, Аргентина, Колумбија и Парагвај ја прогласија целата Хезболах, а не само военото крило, за терористичка организација.

Сега и друга европска држава, Србија, има намера се приклучи на растечката листа. Како дел од историскиот договор меѓу Србија и Косово за нормализирање на економските врски, Србија соопшти дека ќе ја дезигнира Хезболах во целина како терористички ентитет. Косово тоа го стори во јуни. За жал, други држави, како и Европската унија, не го сторија тоа, дезигнирајќи го само военото крило на Хезболах.

САД ја поздравија определбата на Србија. Државниот секретар Помпео тоа го нарече „уште еден значаен чекор кон лимитирање на способноста на оваа, од Иран поддржана, терористичка група да оперира во Европа“.

Такво лимитирање на како што Стејт департментот го нарече „примарен ирански терористички прокси“ е потребно во светлина, на пример, на терористичкиот напад на Хезболах во 2012 во Бугарија, кога беа убиени шест лица и сличен, разоткриен заговор на Кипар истата година. Како дополнение, како што стои во најновиот извештај за тероризам, на Стејт департментот, „Како и во изминатите години, иранската влада продолжува со поддршка на терористички заговори за напад на ирански дисиденти во неколку државиво континентална Европа. Последниве години, Холандија, Белгија и Албанија или уапсија или протераа претставници на иранската влада имплицирани во различни терористички заговори на нивна територија“.

Фалејќи ја одлуката на Србија, државниот секретар Помпео рече: „Нема сомнение дека паѓаат домино коцките на европските операции на Хезболах“.

„САД продолжуваат да ги повикуваат Европската унија и европските нации да ја дезигнираат или забранат Хезболах во целина“,рече државниот секретар Помпео, „и да ја признаат реалноста дека таа е терористичка организација и гранка без дистинкција меѓу нејзиното таканаречено „воено“ и „политичко“ крило. Ние ги поттикнуваме сите држави во Европа и насекаде да преземат секаква акција што можат за да ги спречат оперативците на Хезболах, регрутерите и финансиерите, да оперираат на нивни територии“.