САД дезигнираа повеќе ирански прекршители на човековите права

Откога дојде на власт во 1979-та, иранскиот режим е вклучен во убиства, терористички заговори и напади во повеќе од 40 држави.

Како што кажа државниот секретар Мајк Помпео, „бруталноста и неморалноста на режимот не познава меѓународни граници“.

На 21-ви август, на годишниот Ден за сеќавање и почит кон жртвите од тероризмот, американскиот Стејт департмент, за да им оддаде почит и сеќавање на жртвите, санкционираше 14 ирански прекршители на човековите права, од кои 13 беа припадници од режимот, вклучени во бруталниот и добро испланиран напад во Швајцарија во 1990.

13-те атентатори, претставени како ирански дипломати, извршувале највисоки наредби на нивната влада.Како во многу заговори, извршени во странство од режимот, овие терористички агенти убивале да го замолчат гласот на иранските дисидент.

Сепак, како што кажа државниот секретар Помпео во изјавата при соопштување на дезигнациите: „не е само во странство иранскиот режим да користи страв и насилство за контрола врз иранските државјани.“

САД јавно го санкционира Koјатолах Кодеаи Соури, директорот на иранскиот озлогласен затвор Евин, каде политички затвореници се подложени на долга и сурова тортура, вклучувајќи силувања, тепања, недостиг од медицинска нега, и каде странци се држени како заложници со цел да издејствуваат одредени отстапки од нивните влади.

Дезигнацијата на овие 14 ирански официјални лица за нивната вклученост во кршење на човековите права значи дека тие и членовите на нивното потесно семејство имаат забрана да влезат во САД.

„Ваквите мерки испраќаат порака за поддршка на многу жртви во светот на актите на Исламската република Иран дека ние промовираме одговорност за оние коишто шират терор и насилство. САД ќе продолжат да вршат притисок врз Иран да го третира својот народ со дигнитет и почит“, изјави државниот секретар Помпео.

„САД однапред се радуваат на денот кога сторителите на безбројнитеирански прекршувања на човековите права ќе се соочат со вистинска правда и се надеваат дека овие мерки нудат комфор и уверување за семејствата и пријателите на загубените од насилството и угнетувањето на иранскиот режим, дома и во странство.“