САД ги санкционираат руските прекришители на човекови права и оние што избегнуваат санкции

САД го зголемуваат притисокот врз Русија преку зголемување на финансиските санкции и со виза рестрикции за лица кои ги прекршуваат човековите права, како и против оние што се обидуваат да помогнат избегнување на санкциите кон Русија воведени од САД и нивните партнери.

Стејт департментот ги назначи Хусеин Мерлович Кутаев, Нурид Саламов и Џабраил Ахматов, согласно секцијата 7031(ц), за нивна вклученост во груби злоупореби на човековите права направени во Чеченската Република на Руската Федерација против борецот за човекови права Ојуб Титиев.

Стејт департментот презеде чекори да воведе виза рестрикции за 587 лица согласно регулатива за официјални

лица во Руската Федерација вклучени во врешење притисок врз опозиционер.

Стејт департментот најави дополнителен потег да воведе виза рестрикции за 48 лица кои се закануваат или ги прекршуваат суверенитетот, територијалниот интегритет или политичката независност на Украина.

Дест од нив се наводни „власти“ на таканаречените „Народна Република Доњецк“ или „Народна Република Луганск“, инволвирани во злоупотреба на човекови права во регионот Донбас, под контрола на Русија, од 2014 година.

Стејт департментот, исто така, презеде чекори да воведе виза рестрикции за 17 белоруски државјани за поткопување на демократијата во Белорусија. Овие лица малтретирале и заплашувале демонстранти кои го поддржуваат продемократското движење во Белорусија, и работеле да се протераат студенти за учество на мирни протести.

Одделот за финансии на САД назначи бројни субјекти и лица за обид за избегнување санкции за Русија воведени од САД и нивните меѓународни партнери.

Тука се вклучени руската комерцијална банка Транскапиталбанк и глобалната мрежа од над 40 лица и субјекти раководени од рускиот олигарх Константин Малофеев. Примарната мисија на некои од овие организации е да помогне избегнување санкции за руски субјекти.

Назначени беа и 16 членови на бордот на Банк Откритие, заедно со Битривер АГ, голема компанија за криптовалути, и неколку од нејзините фирми.

„Одделот за финансии може и ќе ги таргетира оние кои избегнуваат, се обидуваат да избегнат, или помагаат избегнување на американските санкции против Русија, додека се обидуваат да ја поддржат бруталната војна на Путин што сам ја избра“, рече потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Нелсон.

„САД ќе работат да осигураат дека санкциите што ги воведовме во блиска соработка со нашите меѓународни партнери, ја деградираат способноста на Кремљ да покажува сила и да ја финансира сопствената инвазија“.