САД потпишаа Договор за одбрана со Финска

(FILE) A Finnish soldier enjoys a moment of reprieve from simulated combat.

Финска неодамна потпиша Договор за одбранбена соработка со Соединетите Држави за да и овозможи на американската војска широк пристап до нордиската земја и границата што ја дели со Русија.

Финска стана најновата членка на НАТО претходно оваа година како одговор на руската инвазија на Украина во 2022 година.

Одбранбениот договор наведува 15 објекти и области во Финска до кои американската војска ќе има непречен пристап и каде што исто така може да складира воена опрема и муниција.

„Кога ќе стапи на сила, нашите војски ќе можат поефикасно и поефективно да соработуваат“, рече државниот секретар на САД, Антони Блинкен.

„Нашите војници ќе имаат повеќе можности да тренираат заедно“, рече тој.

Минатата година го изменивме Договорот за одбранбена соработка со Норвешка. Порано овој месец потпишавме нов договор за одбрана со Шведска. Подоцна оваа недела ќе потпишеме нов договор со Данска.

„Сега имаме мрежа на договори за одбранбена соработка која се протега од северна до јужна Европа, од Норвешкото до Црното Море – обезбедувајќи безбедност и стабилност за луѓето низ целиот континент“.

Финска знае подобро од кој било што е во залог во Украина. Во 1939 година, Финците се соочија и со руска инвазија и докажаа дека слободна нација може да даде неверојатно моќен отпор.

„И токму затоа ќе продолжиме да работиме заедно за да ги браниме вредностите на слобода, независност и суверенитет за кои НАТО и договорите како овој беа пред се создадени“, рече американскиот државен секретар Антони Блинкен.