САД ставија вето на небалансираната резолуција за конфликтот меѓу Израел и Хамас

U.S. Ambassador Robert A. Wood raises his hand during a United Nations Security Council meeting on Gaza.

САД го дадоа единствениот глас во Советот за безбедност против резолуцијата со која се бара итен и безусловен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас. За резолуцијата на 8 декември гласаа 13 членки на Советот за безбедност; Британија се воздржа.

Во забелешките по гласањето, алтернативниот претставник на САД за специјални политички прашања Роберт Вуд ја нарече резолуцијата „небалансирана“ и „далеку од реалноста“.

„Сè уште не можеме да разбереме зошто авторите на резолуцијата одбија да вклучат јазик со кој се осудува ужасниот терористички напад на Хамас на 7 октомври. Напад во кој загинаа над 12.000 луѓе. Жени, деца, стари лица. Луѓе од низа националности. Запалени живи. Застрелани. Предмет на непристојно сексуално насилство“, рече тој.

Амбасадорот Вуд истакна дека во последните 20 години, Советот за безбедност постојано ја нагласува потребата сериозно да се земат сите извештаи за сексуално насилство поврзано со конфликти:
„Сепак, овој Совет и многу негови членови видно молчат како одговор на извештаите дека Хамас извршил акти на сексуално и родово насилство на 7 октомври. Овие инциденти мора да бидат истражени и осудени, исто како што правиме во секој друг конфликт“.

Резолуцијата, исто така, не призна дека Израел има право да се брани од тероризмот, во согласност со меѓународното право. „Ниту една земја“, рече амбасадорот Вуд, „не може ниту треба да го толерира она што Хамас го направи на 7 октомври“.

„Можеби најнереално“, изјави амбасадорот Вуд, „оваа резолуција го задржува повикот за безусловен прекин на огнот… (кој) едноставно ќе го остави Хамас способен да се прегрупира и да го повтори она што го направи“:

„Се додека Хамас се држи до својата идеологија на уништување, секој прекин на огнот е во најдобар случај привремен и секако не е мир. И секој прекин на огнот што ќе го остави Хамас да ја контролира Газа ќе ја ускрати шансата на палестинските цивили да изградат нешто подобро за себе“.

САД изразуваат жалење за трагичната смрт на илјадници цивили во Газа и го поддржуваат обновувањето на хуманитарните паузи за да се овозможи дополнителна помош за луѓето таму, рече амбасадорот Вуд.

„САД ќе продолжат со напорната работа на дипломатијата. Да се ослободат заложниците. Да се зголеми заштитата на цивилите. Да се прошири хуманитарната помош. И да се зголеми можноста за Палестинците и Израелците да живеат рамо до рамо во мир и безбедност“.

„Како што претседателот Бајден (повтори)“, изјави амбасадорот Вуд, „решението со две држави е единствениот начин да се гарантира долгорочната безбедност и на израелскиот и на палестинскиот народ“.