„Ако Русија престане да се бори, ќе има мир. Ако Украина престане да се бори, таа ќе престане да постои како независна нација. Затоа, мораме да го задржиме курсот заради Украина, и заради нас“.
И американскиот државен секретар Антони Блинкен се согласува. „На Самитот на НАТО усвоивме нов стратешки концепт. Се соочуваме со руска агресија во Украина. Ние сме, заедно“, рече тој.
„Нашето единство овде во НАТО, низ нашите сојузи и партнерства во Обединетите нации и другите меѓународни институции, е од суштинско значење за унапредување на нашите заеднички цели за поддршка на капацитетот на Украина да се брани самата, одржувајќи го притисокот врз Русија за нејзината агресија, осигурувајќи дека Украина е во најсилна позиција, кога се зрели услови за преговори.“
За таа цел, секретарот Блинкен најави повеќе од 2,8 милијарди долари дополнителна безбедносна помош за Украина, а исто така и за нејзините соседи.
„Таа поддршка вклучува 675 милиони американски долари нова воена помош за Украина. Ова е дел од 20-тото одделување на воената опрема што ја иницираше претседателот Бајден, уште пред руската агресија.
Тоа вклучува повеќе ракетни системи за повеќекратно лансирање, артилериска муниција, брзи ракети против радијација, против-тенковски системи. 20-тата пратка, сега изнесува вкупно 14,7 милијарди долари“.
Дел од оваа сума ќе им помогне на нашите европски сојузници и партнери да го започнат процесот на подготовка за одвраќање и, доколку е потребно, одбрана од понатамошна руска агресија во годините што доаѓаат.
„Претседателот Путин мислеше дека ќе го подели и ослабне НАТО. Денес, Алијансата е посилна, пообединета, со подобри ресурси, од кога било досега“.
Секретарот Блинкен инсистира дека „дипломатијата е единствениот начин, дефинитивно, да се стави крај на руската агресивна војна. Во овој момент не гледаме индикации од Русија дека би била подготвена сериозно да продолжи со таква дипломатија, но, ако, и кога ќе дојде тоа време, Украина треба да биде во најсилната можна позиција“, рече секретарот Блинкен.
„И, затоа е толку витално да останеме на курсот, да останеме обединети – обединети во поддршката на Украина, обединети со нашите сојузници и партнери, обединети онолку долго, колку што е потребно“, изјави државниот секретар Блинкен.
Говорејќи по состанокот на Северно-атлантскиот совет во Брисел, Белгија, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека војната во Украина влегува во критична фаза.