Accessibility links

Breaking News

Кина претставува најголема закана за американските национални интереси 


Кристофер Врај, директор на Федералното биро за истраги (ФБИ)
Кристофер Врај, директор на Федералното биро за истраги (ФБИ)

Кина претставува „најголема долгорочна закана“ за економската виталност и националната безбедност на Соединетите Држави, рече Кристофер Врај, директор на Федералното биро за истраги во неговиот говор во Институтот Хадсон.

Кинеската комунистичка партија, рече тој, е вклучена во повеќеслојна, генерациска кампања да стане светски економски и технолошки лидер.

„Но, таа ја води оваа битка не преку легитимни иновации, не преку фер и законска соработка и не преку овозможување на слобода на мисла и креативност за своите граѓани, нешто кое го цениме овде во Соединетите Држави. Наместо тоа, Кина е вклучена во напори на ниво на целата држава да стане единствената светска супер сила преку користење на какви било средства.“

Овие средства, додаде тој, вклучуваат економска шпионажа, хакирање на податоци, кражба на интелектуална сопственост, поткуп, уцени и други обиди за принуда „за да ги променат политиките на нашата влада, да го пореметат јавниот дискурс на земјата и да ја поткопаат довербата во нашите демократски процеси и вредности.“

Директорот на ФБИ, Врај, нагласи дека овие злонамерни и опасни дела се прават од Кинеската комунистичка партија.

„Овде не станува збор за кинескиот народ и секако не за кинеските Американци. Со генерации луѓето патувале од Кина во САД за да ги добијат благословите на слобода за себе и за своите семејства и нашето општество е подобрено од нивните придонеси.“

Кинеската влада и Комунистичка партија постојано и грубо ги кршат воспоставените норми на владеење на правото.

Директорот Врај ја посочи т.н. антикорупциска програма воспоставена од генералниот секретар Ши Џинпинг наречена „Лов на лисици.“ „Лов на лисици“, рече Врај, во суштина е кампања која ги таргетира Кинезите кои живеат надвор од Кина: „Зборуваме за политички ривали, дисиденти и критичари кои сакаат да ги разоткријат големите кршења на човековите права што ги прави Кина.“

Во еден случај Кина му се закани на еден човек или да се врати во Кина или да се самоубие. Тие им се закануваат и на семејствата чии членови се апсат во Кина за да ги користат како залог.

Директорот Врај објави дека кинескиот пристап „цела држава“ бара соодветен одговор.

„Ефикасното соочување со оваа закана не значи дека не треба да имаме бизнис релации со Кина“ рече тој. „Но, значи дека кога Кина ќе ги прекрши нашите закони за криминал и меѓународните норми, ние тоа нема да го толерираме. ФБИ и нашите партнери во американската влада ќе бараат одговорност од Кина и ќе ги штитат иновациите, идеите и начинот на живот на нашата нација со помошта и будноста на американскиот народ.“

XS
SM
MD
LG