Accessibility links

Breaking News

Ден на сеќавањето 2023


Последниот понеделник во мај, Американците го слават Денот на сеќавањето на сите мажи и жени во воена служба кои загинале бранејќи ја својата земја и нејзините каузи, за да им се оддаде почит за нивната жртва.

„Тие лежат овде во слава и чест во Арлингтон, на гробиштата во Европа, во гробовите низ нашата земја, во градовите големи и мали - саканите ќерки и синови на Америка кои се осмелија, ризикуваа сè и дадоа сè за да ја зачуваат и бранат идејата различна од која било друга во историјата на човештвото: идејата за САД“, рече претседателот Џо Бајден. „И денес, како нација, преземаме свет ритуал: да размислуваме и да се сеќаваме“.

Навистина, Денот на сеќавањето претставува долг што го имаат живите кон оние Американци кои ја направија крајната жртва за да ја осигураат слободата на нивната земја. Некои загинаа во битка, некои од болест. Други беа изгубени во странски затвори и никогаш не се вратија. Повеќето умреа млади, бранејќи ги идеалите и слободите на својата нација. И илјадници и илјадници загинаа борејќи се за слободата на другите: во Северна Африка, Европа, Пацификот, Азија и Блискиот Исток.

„Слободата никогаш не била слободна. Демократијата отсекогаш барала шампиони“, рече претседателот Бајден. „Секоја генерација мора да ги победи смртните непријатели на демократијата. И во секоја генерација се раѓаат херои, спремни да ја пролеат својата крв за она што тие и ние го сакаме“.

„Денес се сеќаваме и потврдуваме: Слободата вреди да се жртвува. Демократијата не е совршена; никогаш не била совршена. Но, вреди да се бориме; ако е потребно, вреди да се умре“, рече тој.

„Нашата демократија е нашиот најголем подарок како нација, осветена од оние што ги изгубивме на патот. Нашата демократија е начинот на кој ја преземаме постојаната работа за усовршување на унијата - и не ја усовршивме, но никогаш не престанавме да се обидуваме; за пошироко отворање на вратите на можностите и просперитетот и правдата за луѓето насекаде“.

„Ова е мисијата на нашето време“, рече претседателот Бајден. „Нашиот спомен за нив не смее да биде само ден кога застануваме и се молиме, тоа мора да биде секојдневна посветеност да дејствуваме, да се здружиме, да бидеме достојни за цената што е платена“.

Ова беше став што ги одразува американските идеали и институции

XS
SM
MD
LG