Четвртиот четврток во ноември е Денот на благодарноста во САД, национален празник кој ја слави првата годишнина од основањето на една од најраните постојани англиски колонии во Северна Америка.
На 11 ноември 1620 година, бродот Мејфлауер, со 102 доселеници, кои станале познати како аџии, пристигнал на брегот на Северна Америка. Тие биле првите од групата верски одметници кои одбиле да ги следат учењата на Англиската црква, што било казниво дело во нивната родна земја.
Така, тие донеле одлука да ја напуштат Европа и да основаат фармерска населба во северниот дел на колонијата Вирџинија, која била населена пред 13 години. Случајно, речиси илјада километри погоре на север, тие сепак решиле да останат, и конечно се населиле на место малку јужно од денешниот град Бостон во државата Масачусетс.
Таму ја основале колонијата Плимут.
Прва година во Северна Америка била многу тешка.
Иако не гладувале, делумно благодарение на поддршката од локалното домородно население на племето Вампаног, во првите два месеци, две третини од нив починале.
Но, есента 1621 година донела изобилен род, и бидејќи крајот на жетвата се совпаднал со годишнината од нивното пристигнување во Северна Америка, аџиите славеле.]
Педесет и три доселеници седнале на гозба со 90 од нивните соседи од племето Вампаног, со оброк од уловени диви птици и разновиден зеленчук. Но, прво уследиле молитви, заблагодарувајќи му на Бога за неговата трпеливост што им овозможил да преживеат.
„Овој американски дух на благодарност датира од нашите најрани денови, кога аџиите ја прославиле успешната прва жетва, благодарение на великодушноста и поддршката на племето Вампаног“, рече претседателот Џо Бајден. „Тоа го инспирираше Џорџ Вашингтон да им даде на своите војници ден за молитва и благодарност во услови на жестоки борби за американската независност. Тоа, исто така, го поттикна Абрахам Линколн да го прогласи Денот на благодарноста за национален празник, почитувајќи ја Америка и молејќи го Бога да не зближи да се грижиме еден за друг, и да ја зацврстиме нацијата“.
Денес, фокусот на Денот на благодарноста е сè уште кон семејството и храната. Празничната вечера сè уште содржи есенски зеленчук, но наместо диви птици, празникот се фокусира на печена мисирка.
„Овој Ден на благодарноста, додека домовите ширум Америка се полнат со смеа, омилена семејна храна и радост за повторното обединување со пријателите и роднините“, рече претседателот Бајден, „му се заблагодаруваме за се што е добро во нашите животи и размислуваме за многуте благослови на нашите нација“.