Accessibility links

Breaking News

Џунтинт 2024


Денеска е Џунтинт, ден што го слават Африканските Американци повеќе од 150 години, но дури неодамна е прогласен за национален празник.

Џунтинт ги комбинира зборовите Џун (Јуни) и Најнтинт (Деветнаесетти), денот кога во 1865 година и последните Африкански Американци кои биле поробени во САД разбрале дека биле слободни, и дека биле еманципирани пред повеќе од две години.

На 1-ви јануари,1863, Претседателот Абрахам Линколн ја објавил Прокламацијата за еманципација, каде стоело дека сите лица што биле ставени во ропство од бунтовничките Држави на конфедерацијата биле слободни. Така, технички, робовите таму сега биле слободни. Но заради условите кои преовладувале, веста бавно се ширела. Дури два месеци по крајот на Граѓанската војна радосните вести стигнале до најоддалеченитте делови на поразената конфедерација.

Од 1866 натаму, Џунтинт се славел во заедниците на Африканските Американци. Но било потребно да помината уште 155 години за Џунтинт да биде признаен за официјален празник.

Навистина, тоа било долго време да се чека на тоа, но на 17-ти јуни, 2021, Претседателот Џо Бајден ја потпишал легислативата со која Џунтинт бил востановен за федерален празник.

„За мене, прогласувањето на Џунтинт за федерален празник, не е само симболичен гест“, рече Претседателот Бајден на славеничкиот концерт минатата година.

„Тоа беше потврдување на фактот дека дека оваа држава го признава ... оригиналниот грев на ропството. … Сеќавањето на Прокламацијата на еманципацијата не беше само документ. Тоа ја опфаќа суштината на слободата што ја галванизираше државата. Тоа беше потврда дека некои идеи се помоќни; тие не можат да бидат негирани. Тоа е потсетување на ветувањето на Америка дека сите ние сме креирани еднакви од Бога, заслужуваме да бидеме третирани еднакво во текот на целиот наш живот.“

“[САД се] засновани на идеја. Идеја како ниедна друга држава во светот, дека ги чуваме овие очигледни вистини дека сите мажи и жени се создадени еднакви, на кои од нивниот Креатор им се дадени одредени неотуѓиви права“, рече Претседателот Бајден.

„Иако ние не секогаш живеевме според тоа ветување, ние никогаш не го отфрливме. Како што последниве неколку години покажаа, нашите слободи беа ставени во ризик од расизам што сеуште е моќна сила“, рече претседателот Бајден.

„Џунтинт е федерален празник, и има за цел да вдахне нов живот во суштината на тоа што е Америка, да направи сите Американци да ја почувствуваат моќта на овој ден и прогресот што можеме да го направиме како држава.“

XS
SM
MD
LG