Accessibility links

Breaking News

Слободата на печатот е клучна за демократијата и се наоѓа под закана


Зборувајќи во Центарот за странски новинари во Вашингтон, на Денот на слободата на печатот, државниот секретар на САД Ентони Блинкен рече „силен и независен печат е основа на секоја здрава демократија. Тој им помага на граѓаните да ги разберат случувањата, силите кои одлучуваат за нивниот живот. Им дозволува на луѓето да се вклучат значајно во политичката и граѓанската сфера во нивните заедници, држави и светот“.

За жал, слободата на печатот се соочува со големи закани - од војна и конфликт, како и од влади и невладини актери, како терористички и криминални организации, кои се закануваат, вознемируваат, затвораат и напаѓаат новинари.

Секретарот Блинкен укажа на новинарите кои изминативе недели беа убиени во Украина, и на многуте други повредени за време на војната по избор на Путин; убијците на новинарите во Мјанмар и Јемен; нападите, приведувањата и затворањата на новинари во Русија, Народна Република Кина и Авганистан.

Тој истакна дека владите додаваат традиционални форми на репресија со нови тактики насочени кон потценување на слободата на печатот, вклучувајќи контрола на Интернетот преку затворања и цензура; селективно и незаконско следење; хакирање на уредите и системите на новинарите. Најголемиот криминал против новинари во светот е извршен без казнивост, рече секретарот Блинкен, што испраќа јасна порака до сторителите „дека тие можат да продолжат да го таргетираат печатот без последици“.

САД се борат против ваквата репресија на разни начини. За новинарите во ризик во Украина, на пример, САД обезбедуваат панцири, прва помош и сателитски телефони. САД, исто така, отворија прес-центар во Лавов и нудат итна помош и психолошка поддршка за новинарите што ја покриваат војната.

Дополнително, САД продолжуваат да ги истакнуваат случаите на новинари во светот кои се таргет заради нивната работа. САД, исто така, организираат пошироки коалиции на држави да ја истакнат репресијата, и да се приклучат на САД во санкции против оние што ја загрозуваат слободата на печатот.

„САД имаат значаен залог во промовирање на правото на слобода на изразување, вклучувајќи ја и слободата на печатот, дома и низ светот“, рече државниот секретар Блинкен. „Слободниот проток на информации, идеи, мислења, вклучувајќи ги и спротивните, се суштински за инклузивни и толерантни општества“.
XS
SM
MD
LG