Accessibility links

Breaking News

Почнува нова златна доба во Америка


„Се враќам на претседателството уверен и оптимист дека сме на почетокот на возбудливата нова ера на национален успех“, рече претседателот Доналд Трамп во своето прво обраќање до нацијата како нејзин 47-ми претседател.

„Нашите слободи и славната судбина на нашата нација повеќе нема да бидат ускратени. И, веднаш ќе ги вратиме интегритетот, компетентноста и лојалноста на американската влада“.

„Патот кон враќање на нашата република во вистински правец не беше лесно“, рече претседателот Трамп.

„Пред само неколку месеци, во едно прекрасно поле во Пенсилванија, куршум од атентатор ми помина до увото. Но, тогаш чувствував и верувам, а уште повеќе сега, дека мојот живот беше поштеден со причина. Бев спасен од Бога за да ја направам Америка повторно голема“.

„Затоа секој ден... ние ќе се движиме со цел и брзина за да ја вратиме надежта, просперитетот, безбедноста и мирот за граѓаните од секоја раса, религија, боја и вероисповед“.

Претседателот Трамп најави дека ќе го започне својот мандат со потпишување на серија извршни наредби за „почнување на целосна обнова на Америка и револуција на здравиот разум“.

Најпрво, претседателот Трамп прогласи национална вонредна состојба на јужната граница. Ова го започнува процесот на враќање на милиони илегални криминалци назад во местата од кои дошле.

Претседателот Трамп ги назначи нарко-картелите како странски терористички организации.

Во обид да ја намали инфлацијата, претседателот Трамп прогласи национална енергетска вонредна состојба со цел да го забрза дупчењето и вадење на американска нафта и природен гас.

„Америка повторно ќе биде производствена нација, а ние имаме нешто што ниедна друга производствена нација никогаш нема да го има - најголема количина нафта и гас од која било земја на - и ние ќе го користиме тоа.”

„Како и во 2017 година, повторно ќе ја изградиме најсилната армија што светот некогаш ја видел“, вети претседателот Трамп.

„Ќе го мериме нашиот успех не само со битките што ги добиваме, туку и со војните што ги завршуваме - и можеби најважно, војните во кои никогаш не влегуваме“.

„Америка ќе го врати своето заслужено место како најголема, најмоќна, најпочитувана нација на земјата, инспирирајќи, стравопочит и восхит во целиот свет“, рече претседателот Трамп.

„Ќе бидеме храбри, ќе живееме гордо, ќе сонуваме високо и ништо нема да ни застане на патот затоа што сме Американци. Иднината е наша, а нашето златно доба штотуку започна“.

XS
SM
MD
LG