Како дел од континуираните напори за де-ескалација на напнатоста кои произлегуваат од масивното распоредување војници на Русија на нејзината граница со Украина, на 26 јануари американскиот амбасадор во Русија Џон Саливан им достави на руските власти писмени одговори кои се однесуваат на безбедносните барања што Русија ги постави спрема НАТО. „Тоа ја постави основата за сериозен дипломатски пат напред, доколку Русија го избере тоа“, рече државниот секретар Антони Блинкен на прес-конференцијата што уследи.
„Документот што го доставивме ја вклучува загриженоста на САД и нашите сојузници и партнери за дејствијата на Русија со кои се поткопува безбедноста, принципиелна и прагматична евалуација на загриженоста што Русија ја искажа, но и наши предлози за областите каде што може се обидеме да најдеме заеднички јазик“.
Сепак, секретарот Блинкен предупреди дека ако Русија избере агресија, ќе се соочи со „масивни последици“.
По консултациите со Украина и нашите европски сојузници и партнери, САД продолжуваат да „ја зајакнуваат одбраната на Украина и подготвуваат брз, обединет одговор кон понатамошната руска агресија“, рече секретарот Блинкен.
„Три испораки на американска одбранбена воена помош пристигнаа во Киев неделава, носејќи дополнителни проектили „Џавелин“ и други противоклопни системи, 283 тони муниција и воена опрема од суштинско значење за бранителите во првата борбена линија на Украина. Повеќе испораки се очекуваат во наредните денови. Ние обезбедивме повеќе одбранбена безбедносна помош за Украина во изминатата година отколку во која било претходна година“.
Покрај тоа, САД ги овластија своите сојузници да и обезбедат на Украина воена опрема од американско производство од нивните залихи, а САД планираат да ѝ достават неколку воени хеликоптери на Украина. САД имаат 8500 војници подготвени да ги поддржат Силите за брз одговор на НАТО, доколку се активираат. „Исто така, продолжуваме да се координираме со нашите европски сојузници и партнери за строгите економски санкции за да ја држиме Москва одговорна за нејзините постапки“, рече секретарот Блинкен.
САД се подготвени да помогнат во ублажувањето на ефектите од секундарните последици од дестабилизирачките активности на Русија, вклучително и со поддршка на економијата на Украина и изнаоѓање алтернативни испораки на природен гас, доколку Русија го прекине снабдувањето за Европа.
„Нашите потези во изминатата недела го заостри изборот со кој се соочува Русија. Зацртавме, дипломатски пат. Наведовме големи последици доколку Русија избере натамошна агресија. Преземавме чекори за поголема поддршка за безбедноста и економијата на Украина. Заедно со нашите сојузници и партнери сме обединети“.
„Останува на Русија да одлучи како ќе одговори“, рече секретарот Блинкен. „Ние сме подготвени за се“.