Accessibility links

Breaking News

Силно и обединето НАТО ја поддржува Украина 


NATO Secretary-General Jens Stoltenberg and U.S. Secretary of State Antony Blinken hold a press conference in Washington.
NATO Secretary-General Jens Stoltenberg and U.S. Secretary of State Antony Blinken hold a press conference in Washington.

На прес-брифингот во Вашингтон со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, државниот секретар Антони Блинкен изјави дека „НАТО напредува со чувство на итност и силно чувство не само за единство во исполнување на целта, туку и за единство на дејствување“.

Тој го посочи за пример неодамнешното одобрување од страна на Турција за пристапување на Шведска во НАТО, што следи по приемот на Финска во 2023 година.

„Пристапувањето и на Финска и на Шведска беше далеку од плановите. Всушност, ако се навратите малку повеќе од две години наназад, никој не зборуваше за тоа. Но, во пресрет на обновената агресија на Москва против Украина, двете земји сметаа дека е јасно во нивен интерес да го бранат својот народ и да го бранат својот суверенитет со приклучување кон Алијансата“.

Секретарот Блинкен рече дека тој и генералниот секретар на НАТО Столтенберг разговарале за непоколебливата поддршка на НАТО за Украина.

„Минатата недела НАТО потпиша договор од 1,2 милијарди долари за производство на 220.000 артилериски гранати. Тоа ќе им помогне на сојузниците да ги обноват сопствените арсенали и да ги комплиментираат напорите на Соединетите Држави, на Европската Унија, на Украина, да го зголемат одбранбеното производство. Ова ќе го направи самиот НАТО и сите сојузници, многу поотпорни за идните закани додека чекориме напред“.

Во помошта на НАТО кон Украина, никогаш немало подобар пример за споделувањето на одговорноста, истакна секретарот Блинкен.

„Поддршката што САД ѝ ја пружија на Украина беше исклучителна, околу 75 милијарди долари во последните неколку години. Но, нашите партнери и сојузници, особено нашите главни сојузници во НАТО, обезбедија повеќе од 110 милијарди долари во истиот временски период“.

За Украина да успее, и Русија да доживее „стратешки неуспех“, рече секретарот Блинкен, од витално значење е Конгресот на САД да го усвои барањето за дополнително финансирање во буџетот, што претседателот Џо Бајден го предложи во октомври, а што вклучува дополнителни 61 милијарда долари за Украина.

„Без тоа, сè што постигнаа Украинците и што ние им помогнавме да го постигнат, ќе биде загрозено. Ако не испратиме дополнителна помош, ќе испратиме силна и погрешна порака до сите наши противници дека не сме сериозни за одбраната на слободата, и на демократијата. Тоа едноставно ќе ја зајакне власта на Владимир Путин дека е можно да ја победи Украина, но и сите нас.

„Тоа нема да се случи“, изјави секретарот Блинкен.

„Мораме да бидеме сигурни дека тоа нема да се случи“.

XS
SM
MD
LG