Рамката има за цел да го продлабочи економскиот ангажман на САД во регионот и да ја зајакне нашата координација со сојузниците и партнерите за решавање на најважните економски прашања на 21 век и да обезбеди инклузивен и одржлив раст.
Индо-пацифичката економска рамка ги вклучува САД и 12 партнери: Австралија, Брунеи, Индија, Индонезија, Јапонија, Република Кореја, Малезија, Нов Зеланд, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам. Заедно, овие економии сочинуваат 40 отсто од глобалниот бруто-домашен производ (БДП). Оваа рамка е дизајнирана да обезбеди просперитет за сите луѓе, рече претседателот Бајден:
„Ги пишуваме новите правила за економијата на 21 век што ќе им помогнат на нашите економиите да растат побрзо и поправедно. . . Да почнеме со новите правила што ја регулираат трговијата со дигитални стоки и услуги за компаниите да не мора да ја предаваат сопственоста на технологијата за да прават бизнис во една земја“.
Претседателот Бајден повика на напори за „елиминација на тесните грла во критичните синџири на снабдување и развој на системи за рано предупредување за да можеме да ги идентификуваме проблемите пред да се појават“. Тој, исто така, ја истакна потребата да се продолжи со заложбите за чиста енергија и декарбонизација.
Претседателот Бајден повика на фер правила во економијата, вклучително и ставање крај на корупцијата, истакнувајќи дека тоа може да намали од 2 до 5 отсто од глобалниот БДП. Покрај тоа, САД ќе бараат преземање обврски во рамките на Индо-пацифичката рамка за донесување и спроведување на ефективни даночни шеми, против перење пари и против поткуп.
Индо-пацифичката економска рамка е еден од најзначајните меѓународни економски ангажмани што САД некогаш ги имале во овој регион. Ова лансирање на рамка означува важна пресвртница во „обновувањето на економското лидерство на САД во регионот“, рече американскиот министер за трговија Џина Раимондо.
Претседателот Бајден истакна дека клучот за успехот ќе биде „акцентот на рамката на високите стандарди и инклузивноста. Оваа рамка треба да води трка до врвот меѓу нациите во индо-пацифичкиот регион“. Тој додаде дека „рамката ќе биде отворена за другите кои сакаат да се приклучат во иднина“.
„САД се длабоко инволвирани во Индо-Пацификот“, рече претседателот Бајден. „Ние сме посветени на долг рок, подготвени да ја браниме нашата визија за позитивна иднина за регионот, заедно со пријателите и партнерите“.