Accessibility links

Breaking News

Блинкен за Израел, Хамас и заложниците


(FILE) Hostages who were abducted by Hamas gunmen are handed over to the International Red Cross in the Gaza Strip.
(FILE) Hostages who were abducted by Hamas gunmen are handed over to the International Red Cross in the Gaza Strip.

Благодарение на неодамнешните хуманитарни паузи во борбите во Газа – оркестрирани од САД, Израел, Катар и Египет – заложници во Газа беа ослободени и се враќаадома кај своите семејства, а хуманитарна помош добиваа луѓето во Газа, истакна државниот секретар Ентони Блинкен при неодамнешната посета на Израел.

Тој изрази надеж дека овие паузи би можеле да се продолжат со цел да се извлечат повеќе заложници од Газа и да се обезбеди поголема помош.

„Го споделуваме воодушевувањето, олеснувањето на семејствата од повеќе од десетина земји, вклучително и САД, кои повторно се собраа со своите најблиски. А сепак, има голем број семејства овде во Израел, САД и ширум светот, чии најблиски продолжуваат да се држат во заробеништво и кои се очајни да ги вратат дома безбедно. Нема да престанеме да работиме додека не го вратиме секој заложник дома со нивните семејства и најблиски“.

„Во исто време, продолжуваме да ја зголемуваме хуманитарната помош за палестинските цивили во Газа“, рече секретарот Блинкен. „Заедно со ОН, нашите партнери во регионот, значително го зголемивме протокот на храна, вода, лекови, гориво за болници и друга критична инфраструктура.

„(Израелскиот) премиер (Бенјамин) Нетанјаху, исто така, јасно стави до знаење дека Израел има намера да ги продолжи своите воени операции против Хамас кога Хамас ќе престане да ослободува заложници“, рече секретарот Блинкен.

„Израел има право да направи се` што може за да се осигура дека масакрот на Хамас извршен на 7-ми октомври никогаш не може да се повтори. Хамас не може да остане во контрола на Газа. Не може да го задржи капацитетот да го повтори тој масакр“.

Во исто време, секретарот Блинкен го повика Израел да преземе повеќе чекори за заштита на животите на цивилите, да избегне понатамошно раселување на цивилите во Газа и да им даде на цивилите кои се раселени во јужниот дел на Газа избор да се вратат на север веднаш штом условите дозволуваат.

Секретарот Блинкен рече дека „секој ширум светот кој се грижи за заштита на невини цивили, невини животи, треба да го повика Хамас - навистина, да бара од Хамас - веднаш да престане со неговите убиствени акти на терор и очајна употреба на невини мажи, жени и деца. како човечки штитови“.

Прекинувањето на циклусот на насилство и конфликти, обезбедувањето на безбедносните барања на Израел, подобрувањето на животот на Палестинците во Газа и на Западниот Брег, е единствениот начин да се постигне праведен и траен мир.

XS
SM
MD
LG