Една од долгорочните цели на Владимир Путин беше да го подели и ослабне НАТО. Убедени дека има мали шанси за вооружен конфликт во Европа, многу членки на НАТО ги намалија трошоците за одбрана. Но, руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, ги натера сојузниците на НАТО да се заложат за зголемување на трошоците за одбрана и распоредување нови сили на источното крило на НАТО.
Во текот на неколку месеци, реакцијата на агресијата на Москва против Украина предизвика вистински сет од неуспеси, лоши резултати и нарушени планови во однос на воените, економски и меѓународни напори на Русија.
Европските земји, кои увезуваа 37 отсто од својот природен гас од Русија, го намалија увозот за половина. Санкциите и извозните контроли наметнати од владите ширум светот го изложија „долготрајниот неуспех на Русија да ја диверзифицира руската економија, да го зајакне својот човечки капитал и целосно да ја интегрира земјата во глобалната економија“, рече секретарот Блинкен.
„Претседателот Путин сакаше да ја изгради Русија како глобална економска сила. ... Денес, руската економија е сенка на она што беше и мал дел од она што можеше да стане доколку Путин инвестираше во технологија и иновации, наместо во оружје и војна“.
Исто така, руската армија разочара. „Денес, многумина ја гледаат руската војска, како втора по сила во Украина. Нејзината опрема, технологија, лидерство, војници, стратегија, тактика и морал, се предмет на истражувања за неуспех“.
Долгогодишните партнери на Русија, вклучително и Кина, се дистанцираа од Москва.
Конечно, „суштинската цел на претседателот Путин“ да го избрише идентитетот на Украина, не успеа.
„Украина стои суверена, независна, цврсто контролирајќи ја сопствената судбина“, рече секретарот Блинкен.
„Членството на Украина во НАТО ќе биде прашање по кое одлучуваат сојузниците и Украина, а не Русија“.
„Патот кон мирот ќе се оформи не само преку долгорочната воена сила на Украина, туку и преку силата на нејзината економија и нејзината демократија. Ова е во средиштето на нашата визија за патот напред: Украина, не само што мора да преживее, туку мора да напредува.“
„Доколку, и кога, Русија е подготвена да работи за вистински мир, Соединетите Држави ќе одговорат заедно со Украина и другите сојузници и партнери ширум светот“, рече секретарот Блинкен.
„Во неделите и месеците што следуваат, Соединетите Држави ќе продолжат да работат со Украина, со нашите сојузници и партнери – и сите страни посветени на поддршката за праведен и траен мир“.
„Според секое мерило, инвазијата на претседателот Путин на Украина беше стратешки неуспех“, рече државниот секретар на САД Антони Блинкен.