Accessibility links

Breaking News

Канада, Мексико и САД потпишаа Декларација за еднаквост и расна правда


Secretary of State Antony J. Blinken, Mexican Foreign Secretary Marcelo Ebrard, and Canadian Foreign Minister Melanie Joly sign the North American Declaration on Partnership for Equity and Racial Justice.
Secretary of State Antony J. Blinken, Mexican Foreign Secretary Marcelo Ebrard, and Canadian Foreign Minister Melanie Joly sign the North American Declaration on Partnership for Equity and Racial Justice.

Лидерите на Канада, Мексико и САД неодамна се сретнаа во Мексико Сити на самитот на северноамерикански лидери да разговараат за безбедносна и економска соработка.

Самитот вклучи и признавање на важноста на борбата против нееднаквоста, расизмот и дискриминацијата.

Стоејќи покрај мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард и канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли, државниот секретар Антони Блинкен ја нагласи вредноста на „фокусирањето на заедничкиот идеал кој е во сржта на нашите демократии: дека на сите ни е подобро кога секој поединец во нашите општества ужива еднакви права и еднакви можности“.

Пред потпишувањето на Северноамериканската декларација за еднаквост и расна правда заедно со неговите колеги, секретарот Блинкен истакна дека Декларацијата утврдува три начини да се осигура дека сите заедници и поединци го достигнат својот целосен потенцијал.

„Прво, борбата за поголема правичност и вклученост започнува дома. Во секоја нација, членовите на маргинализираните групи се соочуваат со дискриминација“, изјави секретарот Блинкен. „Тоа е секојдневна реалност за луѓето од домородните заедници и заедниците со африканско потекло, жените и девојчињата, ЛГБТИ+ лицата, лицата со посебни потреби, верските малцинства и други, вклучително и во Соединетите држави“. Тој ја пофали подготвеноста на сите три земји да признаат дека работата првично мора да се заврши дома. Тоа, рече тој, „е од витално значење за нашата легитимност кога станува збор за втората заложба на Декларацијата: удвојување на нашата соработка за унапредување на еднаквоста и расната правда низ целиот свет.”

Третиот начин да се промовира правичноста е да се користи знаењето и експертизата на лидерите надвор од владата. Трите земји ќе воспостават Трилатерална експертска мрежа за расна еднаквост и инклузивност, составена од лидери од граѓанското општество, младинските групи, приватниот сектор и академската заедница за споделување на најдобрите практики и иновативни стратегии. „Едноставно кажано, една од нашите најголеми предности како демократии [е] тоа што им веруваме на нашите луѓе“, рече секретарот Блинкен. „Им веруваме на нашите граѓани дека ќе помогнат да се решат некои од нашите најтешко решливи проблеми“.

Напредокот се состои во тоа што граѓаните работат „секој ден за да ги направат нашите општества малку подобри, малку посилни, малку поинклузивни“, изјави секретарот Блинкен. „Ние сме среќни што имаме соседи кои ги споделуваат нашите највисоки идеали и цврстата посветеност да продолжиме да работиме за да ги направиме реалност“.

XS
SM
MD
LG