Accessibility links

Breaking News

Опасна руска активност над Сирија


Во првата недела од јули, руските борбени авиони постојано ги попречуваа американските беспилотни летала кои извршуваа мисии против ИСИС во Сирија.

Портапролот на Пентагон, генералот Пет Рајдер ги повика руските сили „да престанат со овој вид непромислено однесување и да се однесуваат како професионални воздухопловци“.

Наспроти воспоставените норми и протоколи, на 5-ти јули руските авиони лансираа повеќе падобрани ракети кон американските беспилотни летала кои бараа цели на ИСИС во Сирија и летаа опасно блиску до беспилотните летала, принудувајќи ги да преземат заобиколни маневри. Дополнително, еден руски пилот го позиционираше својот авион пред американско беспилотно летало и ја вклучи комората за дополнително согорување, што во голема мера ја зголемува неговата брзина и воздушниот притисок, и ја намалува способноста на операторот безбедно да управува со авионот.

Вториот опасен инцидент се случи помалку од 24 часа подоцна, на 6 јули, кога руските воени авиони повторно фрлија ракети пред неколку американски беспилотни летала кои ја извршуваа својата мисија против цели на ИСИС во Сирија. Уште еднаш руски борбени авиони полетаа опасно блиску до американските беспилотни летала и фрлија ракети пред нив.

Генералот Рајдер ги отфрли тврдењата на руското Министерство за одбрана дека руските сили спроведуваат заеднички вежби со сириските сили и дека САД ги прекршиле протоколите за воздушниот простор и маневрирање.

„Ние сме во Сирија веќе многу години и се бориме против ИСИС како дел од меѓународната коалиција“, рече тој. „Имаме правила... добро воспоставени процеси и процедури и успешно изегнуваме конфликт со Русите во текот на многу години кога станува збор за безбедни операции во тој регион. Значи, да сугерираме дека некако...ова е наша вина е смешно“.

Генерал-полковник Алекс Гринкевич, командант на 9. воздухопловни сили и командант на воздухопловната компонента на комбинираните сили за Централната команда, рече во соопштението: „Овие настани претставуваат уште еден пример за непрофесионални и небезбедни акции на руските воздухопловни сили кои оперираат во Сирија, кои се закануваат безбедноста и на коалицијата и на руските сили. Ги повикуваме руските сили во Сирија да престанат со ова непромислено однесување и да се придржуваат до стандардите на однесување што се очекуваат од професионалните воздухопловни сили за да можеме да продолжиме да се фокусираме на трајниот пораз на ИСИС“.

XS
SM
MD
LG