Accessibility links

Breaking News

Одбрана на основните принципи во војната во Украина


(FILE) People attend a commemorative rally for people killed by Russian air strike in Kyiv, Ukraine.
(FILE) People attend a commemorative rally for people killed by Russian air strike in Kyiv, Ukraine.

„Нациите ширум светот продолжуваат да стојат со Украина“, изјави државниот секретар Антони Блинкен во говорот пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Бидејќи сите сме согласни дека ако ја оставиме Украина сама, ги занемаруваме Повелбата на ОН и принципите и прописите кои ги прават сите земји побезбедни“.

„Доколку не ги браниме овие основни принципи“, рече секретарот Блинкен, „поддржуваме свет во кој може силните да доминираат над слабите“.

Постојат три начини на кои може да се бранат овие принципи, рече секретарот Блинкен. „Прво, мора да се заложиме за праведен и одржлив мир:

„За мирот да биде праведен, тој мора да ги поддржува принципите во срцето на Повелбата на ОН: суверенитет, територијален интегритет, независност. За мирот да биде одржлив, мора да се погрижиме Русија да не може едноставно да се одмори, да се вооружи и повторно да ја започне војната за неколку месеци или неколку години. Секој мир што ќе го легитимира руското запленување на земјиште со сила ќе ја ослаби Повелбата и ќе испрати порака до потенцијалните агресори насекаде дека можат да ги нападнат земјите и да немаат одговорност“.

Некои земји изразија загриженост дека застанувањето со Украина и држењето одговорност на Русија го пренасочува фокусот и ресурсите од другите, на кои им е потребна. „На тие земји, би им рекол, едноставно, погледнете ги нашите постапки“, рече секретарот Блинкен.

„Покрај 13,5 милијарди долари помош во храна со што САД придонесоа за борба против гладта во текот на минатата година, ние финансираме и повеќе од 40 отсто од буџетот на Светската програма за храна. Русија придонесува со помалку од 1 отсто од тој буџет. Врз основа на најновите податоци на ОН, САД донираат над девет пати повеќе од Русија за мировните сили на ОН“.

Конечно, „мора да ја потврдиме нашата посветеност да го поддржуваме она што Повелбата на ОН го нарекува „почитување на достоинството и вредноста на човекот“, рече секретарот Блинкен:

„Мораме да продолжиме да ги документираме воените злосторства и злосторствата против човештвото на Русија и да ги споделиме овие докази со истражителите и обвинителите, за еден ден сторителите да бидат повикани на одговорност“.

Има толку многу луѓе во Украина кои сакаат свет во кој ќе можат да живеат во мир. „Имаме моќ, имаме одговорност, да го создадеме тој свет денес и за генерациите што доаѓаат“, повика секретарот Блинкен.

„Не можеме и нема да дозволиме една држава тоа да го уништи“.

XS
SM
MD
LG