На средината на април, Канцеларијата за контрола на странски средства при Одделот за финансии на САД, или (OФАЦ), назначи двајца поранешни високи функционери на Република Северна Македонија, и поранешна главна обвинителка и парламентарка од Босна и Херцеговина, меѓу другите, поради корупција и активности кои ги поткопуваат демократските процеси или институциите.
Никола Груевски беше премиер на Северна Македонија од август 2006 година до јануари 2016 година. Во 2018 година, Груевски беше осуден на две години затвор за незаконско влијание врз владини функционери за купување на луксузен автомобил. Тој е исто така е осомничен во бројни случаи на корупција ѝ е обвинет за злоупотреба на службената положба, перење пари и други дела поврзани со неговото време како највисок избран функционер во Северна Македонија.
Кон крајот на 2018 година, Груевски побегна во Унгарија и таму побара политички азил. Според Интерпол, Груевски се бара со меѓународна потерница. Владата на Северна Македонија поднесе официјално барање за екстрадиција.
Сашо Мијалков беше директор на Секторот за безбедност и контраразузнавање на Северна Македонија од 2006 до 2015 година. Тој е обвинет за лажирање гласови и широка операција на нелегално прислушување на околу 20.000 луѓе за политичка и економска корист. Овие активности предизвикаа двегодишна политичка криза.
Од 2019 до 2021 година, Гордана Тадиќ беше главна обвинителка во Државното обвинителство во Босна и Херцеговина. Ја искористила својата службена положба и влијание да ги промовира своите лични и семејни интереси. Таа манипулирала случаи за да ги заштити политичките покровители од гонење и го заобиколи автоматизираниот систем за дистрибуција на случаи дизајниран да ги спречи одлуките врз основа на лични или политички причини.
Како резултат на овие мерки, целиот имот и интереси во имотот на овие поединци кои се предмет на јурисдикција на САД се блокирани, а на американските лица, генерално, им е забрането да се вклучат во какви било трансакции со нив.
„Луѓето назначени денес претставуваат сериозна закана за регионалната стабилност, институционалната доверба и аспирациите на оние кои бараат демократско и разумно владеење на Западен Балкан“, рече потсекретарот на Одделот за финансии за тероризам и финансиско разузнавање, Брајан Е. Нелсон.
„Борбата против корупцијата ширум светот е главен приоритет на администрацијата на Бајден-Харис, а Одделот за финансии ќе ги искористи сите алатки што ни стојат на располагање за да ги повикаме на одговорност, корумпираните и дестабилизирачките актери“.