Accessibility links

Breaking News

САД означија држави коишто ги кршат верските слободи


Uyghurs and other members of the faithful pray during services at the Id Kah Mosque in Kashgar in far west China's Xinjiang region. (File)
Uyghurs and other members of the faithful pray during services at the Id Kah Mosque in Kashgar in far west China's Xinjiang region. (File)

Низ светот, владите и недржавните актери малтретираат, се закануваат, затвораат, па дури и убиваат поединци поради нивните верувања.

„САД нема да стојат настрана пред овие злоупотреби“, изјави државниот секретар Антони Блинкен. Според Законот за верска слобода на САД од 1998 година, претседателот, кој ја доделува функцијата на државниот секретар, мора да ги oзначи како земји од особена загриженост државите за кои се смета дека ја нарушуваат верската слобода на систематска и постојана основа.

Во согласност со минатогодишните ознаки, и Иран и Народна Република Кина беа меѓу оние назначени од секретарот Блинкен како земји од особена загриженост.

Во Иран, властите убија стотици луѓе во текот на насилното задушување на мирните демонстранти. И Обединетите нации соопштија дека 14.000 луѓе се уапсени за протестите по апсењето и смртта во притвор на младата Курдка Махса Амини на 16 септември поради тоа што „неправилно го носела својот хиџаб“. ОН, исто така, забележаа дека режимот го засилил таргетирањето на верските малцинства, вклучувајќи ги Бахаите, сунитските муслимани, христијанските преобратеници и атеистите.

Во Народна Република Кина, секретарот Блинкен ја потврди „големата загриженост на Соединетите Држави во врска со тековниот геноцид и злосторствата против човештвото“ што властите на НР Кина ги вршат против доминантно муслиманските Ујгурци и членовите на другите етнички и верски малцински групи во Ксинџијанг.

Останатите земји назначени како држави од особена загриженост ја вклучуваат Бурма, Куба, Еритреја, Никарагва, Демократска Народна Република Кореја, Пакистан, Русија, Саудиска Арабија, Таџикистан и Туркменистан.

Секретарот Блинкен, исто така, ги стави Алжир, Централноафриканската Република и Виетнам на специјалната листа за набљудување поради учество или толерирање на тешки прекршувања на верската слобода.

Дополнително, бројни групи беа означени како ентитети од особена загриженост, вклучувајќи ги Ал Шабаб, Боко Харам, Хајат Тахрир ал-Шам, Хутите, ИСИС-Голема Сахара, ИСИС-Западна Африка, Џамаат Нусрат ал-Ислам вал-Муслимин, Талибанците и групата Вагнер врз основа на нејзините акции во Централноафриканската Република.

„Ќе продолжиме внимателно да го следиме статусот на слободата на вероисповед или уверувањата во секоја земја ширум светот и ќе бидеме зад оние кои се соочуваат со верски прогон или дискриминација“, изјави секретарот Блинкен.

Соединетите Американски Држави ја поздравуваат можноста да се сретнат со сите влади за да се осврнат на законите и практиките кои не ги исполнуваат меѓународните стандарди и обврски и да наведат конкретни патокази за да бидат отстранети од листата од САД.

XS
SM
MD
LG