„Русија шири дезинформации и лаги, за Украина, за САД, за НАТО, за да ги оправда своите акции“.
САД одговорија на тие провокации со серија дипломатски разговори. „Дипломатијата“, според потсекретарката Нуланд „е најдобра опција за враќање на стабилноста и безбедноста во Украина, за Европа, за самата Русија“.
На Дијалогот за стратешка стабилност со Русија, САД демонстрираа заложба за дипломатијата со ставање прелиминарни идеи на маса, вклучувајќи ја и за армиската транспарентност и мерки за намалување на ризиците, и вежбите, изјави потсекретарката Нуланд.
„Јасно ставивме до знаење дека вистински напредок може да се случи само во клима на де-ескалација, нe со ескалација, и врз основа на вистински реципроцитет. Тоа бара од Русија да остане на маса и да преземе конкретни чекори за намалување на напнатоста“.
„Русија сега е исправена пред голем избор – дали да оди по патот на дипломатија и дијалог или да бара конфронтација и масивни последици кои ќе произлезат од тоа“, рече секретарката Нуланд.
„Ако руската влада реши натамошно да изврши инвазија на Украина, и натамошно ја дестабилизира Украина, ние сме подготвени да се усогласиме со нашите сојузници и партнери за да примениме жестоки мерки. Ќе одговориме со масовни економски мерки, и такви што до сега не се применети за, а кои ќе се значително ќе се одразат врз руската економија и нејзиниот финансиски систем“.
“Но, да подвлечам уште еднаш, ние, ја преферираме – дипломатијата“, изјави потсекретарката Нуланд. Нашиот пристап донесе резултати во минатото. Успеавме да преговараме за разни инструменти кои го формираа камен-темелникот за мирот и безбедноста, вклучувајќи ги Спогодбите од Хелсинки, Спогодбите од ИНФ, и други договори за контрола на трката за вооружување.
Дипломатијата, во целосна консултација и координација со нашите сојузници, и со сите земји чии интереси се афектирани, е чекор во вистинска насока, изјави секретарката Нуланд. “Тоа треба да се случи сега“.