Accessibility links

Breaking News

Продолжуваат напорите да се деескалираат тензиите на украинската граница


По недела интензива дипломатија на разни меѓународни форуми во однос на руското продолжено и неосновано воено распоредување во близина на Украина, државниот секретар на САД Ентони Блинкен ги продолжува дипломатските напори да ја смири кризата.

На 19. јануари тој се сретна со украинскиот претседател Володомир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба во Киев. Тој има закажана средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Женева на 21. јануари.

Зборувајќи во Американската амбасада во Киев пред неговите консултации со украинските официјални лица, секретарот Блинкен предупреди дека ако Русија продолжи со натамошна инвазија врз Украина, основните принципи на кои се заснова меѓународниот систем и кои се клучни за одржување на мирот ќе бидат нарушени: една држава не може да ги промени границите на друга присилно; една држава не може да ѝ ги диктира изборите на друга; и државите не можат да користат сфери на влијание во обид да ги освојат нивните соседи.

„Ако ние дозволиме тие принципи да бидат нарушени со неказнивост, тогаш ќе отвориме многу голема Пандорина кутија и целиот свет гледа“, рече секретарот Блинкен.

По средбите со највисоките украински лидери, секретарот Блинкен одржа прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Кулеба. На неа ја повтори американската „цврста заложба за украинските суверенитет и територијален интегритет“. Затоа, рече тој, „ќе продолжиме со нашите постојани дипломатски напори да спречиме обновена агресија и да промовираме дијалог и мир“.

Истовремено, секретарот Блинкен забележа дека „продолжуваме да ја зацврстуваме украинската способност да се брани себеси и јасно ја кажавме цената што САД и Европа ќе ѝ ја наметнат на Москва ако продолжи да одбива дипломатски пат... и продолжи со неоправдана, неоснована и неприфатлива инвазија или дестабилизација на Украина“.

Секретарот Блинкен нагласи дека „силата на нашата дипломатија, нашето одвраќање, и каков било одговор на агресијата ан Москва бара обединетост меѓу нашите сојузници и партнери, како и во Украина...Украинците мора да се држат заедно, особено во ова време“.

Тој забележа дека една од долгорочните цели на Русија „е да се обиде да прави поделби во Украина, да направи потешко за Украинците да работат заедно да ги реализираат нивните евродемократски амбиции...Не дозволувајте Москва да ве подели“, рече тој.

„Како што се спротивставувате на напорите за поделба, заплашување и закана“, секретарот Блинкен изјави „САД стојат одлучно со вас за вашето право да носите одлуки за вашата иднина, да ја креирате таа иднина како Украинци за Украина“.

Ова е став што ги одразува погледите на Владата на САД

XS
SM
MD
LG